Што носи Медведев со себе во Србија? | Свет | DW | 18.10.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Што носи Медведев со себе во Србија?

Рускиот премиер носи силна поддршка на српскиот став за Косово, како одговор на американската дипломатска офанзива, велат соговорници на ДВ. За Медведев се важни и гасоводот и договорот меѓу Белград и Евроазиската унија.

На прв поглед посетата е рутинска - рускиот премиер Димитриј Медведев во сабота (19.10.) пристигнува во Белград. Наредниот ден ќе зборува во Националното собрание, на 75 годишнината од ослободувањето на Белград, за кое многу советски војници ги дадоа своите животи.                      

Тоа секако, покрај православието, е една од врските поради која Србите до денес во огромен број се приврзани кон Русија. Дел од опозицијата ќе го бојкотира свечениот говор на Медведев, но тоа нема многу врска со гостинот од Москва туку со продолжување на бојкотот во парламентот и сите активности во него.

Одговор на Ричард Гренел?

Евергрин тема е прашањето за Косово. „Посетата на Медведев служи и Русија да го потврди ветувањето дека во Советот на безбедност со вето ќе спречи отцепување на покраината Косово и кога ќе стане признаена членка на ОН“, вели Душан Релјиќ од бриселската гранка на германската Фондација за наука и политика. Тој додава дека оваа поддршка од Кремљ е од голема важност за Белград пред продолжувањето на преговорите со Приштина и со западните партнери. Бидејќи, важен е моментот - од почетокот на месецот САД започнаа нова офанзива повторно да ги донесат Белград и Приштина на преговарачка маса.

Повеќе:

-Отуѓувањето на Москва од Белград

-Америка ги презема уздите на косовскиот проблем?

-Путин во Србија: Фанфарите не можат да ги маскираат неуспесите

За посредник е поставен американскиот амбасадор во Берлин, Ричард Гренел.„Претседателот Трамп сака наредната година повторно да ги добие изборите и за тоа му се потребни надворешнополитички успеси“, вели Олег Бондаренко од руската Фондација за напредна политика. Овој аналитичар за ДВ вели дека и Москва би можела да живее со поделбата на Косово, но само под услов со тоа да се согласи Белград и да има одлука од Советот на безбедност.

Russlands Präsident Dmitri Medwedew und Serbiens Präsident Boris Tadic in Belgrad (AP)

Засега Кремљ на американската иницијатива гледа со скепса. Бидејќи, Ричард Гренел во Берлин остро зборуваше за руските енергетски зафати, посебно за гасоводот Северен тек 2 кој е престижен проект на Москва.Првиот состанок на Гренел и Вучиќ минатата недела покажа дека разликите во ставовите се и натаму големи. Можеби не е случајно што Вучиќ потоа ги фалеше односите меѓу Србија и Русија и рече оти се радува на средбата со Медведев.

Важни економски теми

За време на посетата ќе стане збор за економски теми, вели за ДВ московскиот автор и познавач на Балканот, Иван Преображенски. Рускиот премиер особено ќе го интересира напредокот во изградбата на гасоводот долг 402 километри. Т.н. Турски тек води од Турција преку Бугарија до Србија.

Рускиот енергетски гигант Газпром има намера така да го снабдува Западен Балкан, но според енергетските правила на ЕУ не смее да биде ексклузивен сопственик на гасоводот. Кремљ смета дека српскиот дел од гасоводот ќе биде готов до крајот на годината, додава Преображенски. На Медведев му е посебно важно потпишувањето на трговскиот договор меѓу Србија и Евроазиската унија, вели Олег Бондаренко. Тоа би требало уште повеќе да ја олесни трговијата.Србија во една мерка веќе со години профитира од меѓусебните санкции меѓу ЕУ и Русија - така што во супермаркетите некаде во Санкт Петербург или во Владивосток не може да се најде холандско сирење, но се наоѓа српско.Тоа е сигнал за Брисел, вели Преображенски. „Кремљ така покажува дека располага не само со воени, туку и со економски средства.

DW.COM

Реклама