Што има Трамп да му каже на Папата? | Свет | DW | 24.05.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Што има Трамп да му каже на Папата?

Поделени и во духот и во верата: посетата на Трамп на папата Франциско во Ватикан претставува судир на два света. Едниот верува во моќта на парите, другиот во моќта на милосрдието. Што всушност тие имаат да си кажат?

Влези слободно! Доналд Трамп е добредојден во Ватикан. Меѓу Ѕидот на плачот во Ерусалим и Самитот на НАТО во Брисел, американскиот претседател денеска е во Рим, на разговори со папата Франциско. Со себе во Ватикан води и две жени: ќерката Иванка и сопругата Меланија.
Трамп, на свој специфичен начин, се обиде да му се приближи на папата уште во 2013 година. „Новиот папа е скромен човек, сличен на мене. Тоа објаснува зошто ми е толку драг“, напиша Трамп на Твитер на 25 декември 2013 година.


Но, тој божикен обид за приближување беше целосно неуспешен. Кога се работи за скромноста, овие двајца луѓе ги делат светови. Додека папата го почитува Фрањо Асишки, основачот на истоимениот средновековен просјачки ред, Трам во ударните вести се пласира со својот луксуз и опуштен животен стил.

Христијаните не градат ѕидови

Непремостиви крајности ги делат двајцата и кога се работи за бегалците: папата Франциско, по враќањето од грчкиот остров Лезбос во април 2016 година, им додели азил во Ватикан на 12 муслимански бегалци, а Трамп, непосредно по преземањето на должноста, донесе одлука за забрана за влез во САД на државјаните на седум муслимански земји.
Најжестоката вербална размена ја имаа во февруари минатата година. Папата Франциско, при неговото враќање од Мексико беше прашан од еден новинар дали католиците во САД би требало да гласаат за Трамп? Одговорот беше јасен: „Личноста која размислува за тоа да гради ѕидови наместо мостови, без оглед каде, не е христијанин“.
На таа критика од папата, Трамп реагираше раздразнето: „Кога 'Исламската држава' би го нападнала Ватикан, папата Франциско ќе биде првиот кој би молел за тоа Трамп да биде претседател на САД“, гласеше одговорот на Трамп на Твитер.

USA Donald Trump in Detroit (picture-alliance/AP Photo/E. Vucci)

Госпелот на Трамп: на богослужба во Детроит во 2016 година.

Отворените врати на Ватикан

Со оглед на бројните спротивности, средбата на двајцата зад ѕидините на Ватикан веројатно ќе помине во знакот на „размена на мислења“. Повеќе од тоа не.
„Секогаш постојат врати кои не се сосема затворени“, го цитираше Ватикан папата пред посетата на Трамп. Мораме постојано да разговараме за тоа што ни е заедничко и да одиме „чекор натаму“, рекол папата. Исто така, тој дополнува дека никогаш не донел суд за некоја личност, без претходно да ја сослуша.
Одушевувањето звучи поинаку. Се чини дека Франциско ја „поднесува“ аудиенцијата. Впрочем, тој не го повика американскиот претседател, туку Трамп го молеше Ватикан за прием кај папата.
Можеби Трамп од папата едноставно сака само употреблива снимка за медиумите? Во секој случај и независно од дипломатскатата рутина, тешко дека оваа посета за Ватикан носи некакви политичко-стратешки бодови.
Мисијата на Трамп е тешко да се оквалификува. Тој не доаѓа како изгубен син кој покајнички се простува од својот досегашен начин на живот. Со своите пет деца од три брака, тој, исто така, не е ни конзервативен пример на семеен католички идеал, ниту претстава за морал.

 

DW.COM

Реклама