Што го прави вирусот заразен? | Теми | DW | 14.04.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Што го прави вирусот заразен?

Што точно се случува за време на инфекцијата со новиот коронавирус, САРС-Kов-2? Како се одвива заразувањето со вирусот кој ја предизвикува белодробната болест Ковид-19 која досега одзеде преку 120 илјади животи ширум светот.

Гледај видео 00:57

Илјадници видови вируси се  класифицирани досега, но научниците веруваат дека има уште милиони кои досега не се откриени. Само неколку стотици, меѓутоа предизвикуваат болести кај луѓето. Многу од тие заразни патогени- вклучително и најновиот коронавирус кој ја предизвикува болеста Ковид-19 се пренесуваат преку капки, кои ги исфрла заразеното лице преку кивање и кашлање. 


Вирусот содржи не многу повеќе од серија генетски информации (геном) заштитени од протеинска обвивка.  Научниците не го сметаат за  целосна форма на живот,  затоа што нема сопствен метаболизам, односно самиот не произведува енергија, туку мора да „украде“ енергија за да се репродуцира. За да се размножи, коронавирусот треба да ги нападне живите клетки- како оние во белите дробови на човекот. 

Повеќе:

-Коронавирус: Заштитете ги постарите!

-Како да ги разликувате: Настинка, грип или коронавирус?

-Како да се заштитите себеси и другите од коронавирус
Прво, вирусите како САРС-KоВ-2 се прикачуваат на одредени рецептори на клеточната површина. Кога ќе се прикачат вирусите, или целосно се апсорбирани од клетката-домаќин го вметнуваат својот геном во неа. Тие потоа ја искористуваат клеточната машинерија за да се репродуцираат. Кога новосоздадените вирусни честички спонтано ќе се склопат, ја напуштаат инфицираната клетка-домаќин- која вообичаено изумира- за да заразат други.  

Прочитај го и ова