Што ветува Урсула фон дер Лајен доколку биде избрана? | Свет | DW | 16.07.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Што ветува Урсула фон дер Лајен доколку биде избрана?

Кои се политичките заложби на Фон дер Лајен и што ветува ако биде избрана за претседател на Европската комисија? Меѓу нив е почеток на пристапни преговори со Северна Македонија и европска перспектива за Западен Балкан.

За да биде избрана за прва жена на чело на Европската комисија,  за Урсула фон дер Лајен денеска треба да гласаат најмалку половината европратеници -374.  Кратко пред гласањето, германската политичарка од редовите на Христијанско демократската унија конкретизираше за што ќе се залага во случај да биде избрана на функцијата. Документот носи наслов „Унија, која сака да постигне нешто повеќе – мојата агенда за Европа.“ „Наредните пет години ги сметам како шанса за Европа – за нејзино самонадраснување и со тоа преземање една од водечките улоги во светот“, нагласува Фон дер Лајен во воведот. Во одделни поглавија се содржани идеите преку кои таа следи амбициозни цели пред сѐ во заштитата на климата, нова миграциска политика и натамошно продлабочување на економската и монетарната унија.

Почеток на пристапни преговори со Северна Македонија и со Албанија

Во областа на соседската политика,  Фон дер Лајен ја истакнува заложбата за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија  и со Албанија, како и за истакнување на европската перспектива за цел Западен Балкан; во поглед на Брегзит е поборник на постоењето отвореност за натамошно одложување на датумот за излез на Велика Британија од ЕУ, доколку постојат добри причини за тоа.

Во областа на климатската политика таа се определува за намалување на емисијата на штетни гасови до 2030 година до 55 проценти во споредба со 1990 година, додека моментно е планирано редуцирање само до 40%. Освен тоа, таа најавува климатска неутралност најдоцна до 2050 година, што треба да биде цврсто утврдено за целиот простор на ЕУ најдоцна 100 дена по нејзиното преземање на функцијата; потоа почеток на глобална иницијатива за поамбициозни цели во заштитата на климата и проширување на ЕУ- системот со продажба на правата за емисиони гасови. Урсула фон дер Лајен се залага и за воведување данок на јаглероден диоксид, кој европските претпријатија треба да ги заштитува од конкуренцијата од земји со помалку амбициозни климатски цели, како и создавање фонд преку кој ќе бидат поддржувани економските гранки и региони во неопходните преодни процеси, но и формирање европска климатска банка како дел од Европската инвестициска банка (ЕИБ).

Посоцијална Европа

Во областа на социјалната политика Урсула фон дер Лајен ветува предлог за инструмент кој ќе овозможи реализација на воведување фер минимални плати во секоја од државите-членки на ЕУ; поддршка на ЕУ-гаранциите против постоење детска сиромаштија и против невработеност кај младите луѓе; обновување на европската правна регулатива против дискриминација; доставување предлог за да се реализира транспарентност во подеднакво плаќање на мажите и жените; заложба за постоење квоти за застапеност на жените во раководните тела на европските претпријатија.

„Нов пакт за миграција и азил“

Во областа на азилот и миграциската политика, можната идна претседателка на Европската комисија предвидува нов старт на блокираните преговори преку доставување предлог за „Нов пакт за миграција и азил“; засилување на граничната полиција на ЕУ на 10.000 граничари до 2024 година - моментно за таа цел е предвиден рок до 2027 година.

Belgien Ursula von der Leyen in Brüssel (picture-alliance/dpa/F. Seco)

Урсула фон дер Лајен има своја визија за ЕУ

Во областа на економската политика и конкуренција, Урсула фон дер Лајен се обврзува да достави план за европско осигурување во случај на невработеност; поддршка на буџетските инструменти за конвергенција и способност за конкурентност во светски рамки; поддршка на проектот за одредување на заеднички консолидиран данок на добивка; праведно оданочување на технолошките фирми.

Во приоритетните цели на кандидатката за челната позиција во ЕК спаѓаат и дигитализацијата и трговската политика. Во однос на првото таа се залага за заеднички коцепт на ЕУ во поглед на хуманитарните и етички импликации на вештачката интелигенција, а во поглед на второто предвидува различни мерки, вклучувајќи и именување висок функционер кој би го надгледувал придржувањето кон трговските правила и за тоа би го известувал Европарламентот, како и воведување право на вето на Европскиот парламент за привремена примена на трговски договори.

Урсула фон дер Лајен се залага и за поголемо вклучување на Европарламентот во поведувањето постапки заради заштита на владеењето на принципите на правото, а го поддржува и предлогот доделувањето субвенционирачки средства од страна на ЕУ да биде поврзано со  придржувањето кон правилата на правната држава.

 

 

DW.COM

Реклама