Штојтнер на слобода- скандалот избегнат | Свет | DW | 26.10.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Штојтнер на слобода- скандалот избегнат

Дали ослободувањето на Штојтнер е сигнал дека во Турција владее правната држава? Не, затоа што се друго би било скандал. Турција покажа добра волја- во други случаи не може да се смета на тоа, смета Кристијан Буткерајт.

Петер Штојтнер е слободен, тој може да ја напушти Турција, и денеска се враќа во Германија. Сѐ друго ќе беше само продолжување на скандалот кој започна со упадот на семинарот на Амнести Интернешнл во јули годинава.

Слабо обвинение

Обвинувањата против него и други борци за човекови права беа тенки каков што беше и обвинителниот акт. Тоа Штојтнер јасно го кажа во исказот пред судот во средата. 16 страници за 11 обвинети, сомнежи наместо докази. Штојтнер ги отфрли сите точки пред судот; обвинувањата за терористички активности, сомнежите во искреноста на сведоците, а семинарот на активистите за човекови права го опиша како рутина.

Дали еден семинар е навистина безопасен кога учесниците на него учат како да ги сокријат чувствителните податоци на нивниот мобилен телефон, во екстремни случаи и од полицијата? Штојтнер вели да, тоа важи за секого. Никој не сака да му биде испразнета банкарската сметка затоа што го загубил телефонот, а го пронашол погрешен човек.

Од гледна точка на Турција, тоа делува поинаку: таму се сретнуваат луѓе кои отворено не и веруваат на државата, Недоверба која која се базира врз реципроцитет. Организациите за човекови права, особено кога се левичарски или про-курдски наклонети ја будат скепсата на властите. Секојдневието брзо прераснува во теорија на заговор. Во прв ред, во вонредната состојба која неодамна беше продолжена по петти пат. Оттука, на организаторите на семинарот може да им се постави прашањето зошто преземаат таков безбедносен ризик во вонредна состојба. Од друга страна: доколку на активистите за човекови права некогаш им е потребен „ноу хау“ каков што презентираат Штојтнер и неговиот шведски колега Али Гарави, тоа е токму во вакви времиња.

Deutschland Protest zum Auftakt des Prozesses gegen Steudtner und weitere Menschenrechtler in Berlin (Imago/C. Ditsch)

Протести на Амнести Интернешнл пред почетокот на судењето против Штојтнер

Мерило за билатералните односи

Од германска гледна точка, процесите против германските политички затвореници во Турција е мерило за тоа дали во турско-германските односи сѐ уште може нешто да се спаси. Првата шанса да покаже добра волја, турската страна ја имаше во случајот против германската преведувачка и новинарка Месале Толу. Со одлуката, да не ја ослободи од притвори за време на судењето, Турција не ја искористи таа шанса.

Во случајот Штојтнер сега е поинаку. Тој може да замине дома и, помалку или повеќе, самиот да одлучи дали ќе се појави на продолжението на судењето во Истанбул за четири недели. Тоа е тешко да се очекува. Со оглед на тенкото обвинение неговото ослободување беше само по себе разбирливо- но од гледна точка на германско-турските недоразбирања, тоа е релаксација.

Правна држава?

Дали процесот може да се смета за доказ дека турската правна држава сепак функционира? Не. Прво, Штојтнер не е ослободен од обвинувањата, а на Месале Толу и се закануваат 15 години затвор. Најкритичен е сепак случајот на германско-турскиот новинар Дениз Јучел. Уште од средината на февруари годинава тој е во притвор- и тоа без обвинителен акт и без термин за судење. Наводите против него се уште потешки од оние против Штојтнер. Притоа, Турција смета дека само таа е надлежна за човекот кој има и германско и турско државјанство. Него Анкара нема да го пушти без противуслуга.

 

Кристијан Буткерајт е дописник на германскиот јавен сервис АРД од Турција. 

DW.COM

Реклама