Штајнмајер за ДВ: Да се спротивставиме на исламистичкото насилство | Информации и анализи за Германија | DW | 30.10.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Штајнмајер за ДВ: Да се спротивставиме на исламистичкото насилство

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер во интервју за ДВ повикува на одлучна борба против бруталното исламистичко насилство по нападите во Франција, но и зачувување на европските демократски општества.

Во ексклузивно интервју за Дојче веле, германскиот претседател Штајнмајер им изрази сочуство на семејствата на жртвите убиени во терористичкиот напад во Ница.
„Секако дека нашите мисли се пред се со семејствата и роднините. Ним им изразуваме сочуство. Но, мислам дека сега е најважно во цела Европа, не само во Франција, да се спротивставиме на тој чин на брутално насилство, како и на исламистичките мотиви кои стојат зад него. Сепак, ние во нашите општества, во нашите демократски општества, не смееме да се вртиме кон курс кој омразата и изолацијата ги правила мерка за делување на државата. Прифаќањето, почитувањето едни со други, припаѓа на нашите општества. Затоа, спротивставувањето на таквото брутално насилство, на исламистичките мотиви, е еден предизвик. Но вториот предизвик е настојувањето да се одржи отвореноста на нашето општество“, вели Штајнмајер.

Bundespräsident Frank-Walter Steinmeier im DW Interview

Штајнмајер во разговор со репортерката на ДВ, Розалија Романец


Германскиот претседател ги критикуваше и изјавите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кои можат да ги охрабрат насилниците.
„Се надевам дека таа ескалација која ја видовме, со забележливо ескалирачка реторика, нема да охрабри некои можни насилници. Затоа уште еднаш велам: добро е што во таква ситуација, како по убиствата во Франција, во осуда на насилството се придружија и некои претставници на исламските држави. Тоа е важно и тоа е сигнал кој ќе биде сфатен и во муслиманските заедници во Франција“.
Штајнмајер се залага за натамошни напори во интеграцијата на доселениците, споменувајќи дека не сите европски држави се еднакво погодени од миграцијата, и дека ни во Германија некои нешта поврзани со интеграцијата не успеале, и покрај напорите на „генерации влади“. Интеграцијата останува „задача за иднината“, вели претседателот Штајнмајер.

DW.COM

Реклама