Штајнмајер е вознемирен поради состојбата во Македонија | Северна Македонија | DW | 12.06.2015
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Штајнмајер е вознемирен поради состојбата во Македонија

Германија со интерес и со вознемиреност ги следи случувањата во државите од Западниот Балкан, соопшти министерот за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер во обраќање до Бундестагот.

Шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмајер пред парламентот синоќа (11.06.) изјави дека „со вознемиреност го следи развојот во Македонија“. Штајнмајер пред Бундестагот говореше во прилог на барањето за продолжување на мандатот на КФОР во Косово, но во контекст на регионот, оддели и поголем дел од своето обраќање за состојбата во Македонија.

„Ние сме заинтересирани за безбедното и стабилното соседство на Западен Балкан. Бидејки е така, ги следиме случувањата во различните држави не само со интерес, туку понекогаш и со вознемиреност“, рече шефот на германската дипломатија.

„Со вознемиреност деновиве го следам развојот во Македонија. Во четвртокот разговарав со еврокомесарот Хан, кој презема големи напори да посредува меѓу страните во спорот. Односите меѓу различните етнички групи таму се кревки“.

„Назадувањето не е исклучено, доколку политички одговорните не ја оправдаат својата одговорност. Минатата седмица се чинеше дека е постигнат исчекор нанапред, дека за блиска иднина е поплочен патот до новите избори“.

„Оваа недела се одржаа разговори околу тоа како би изгледал тој период до одржување нови избори за сите етнички и политички групации да имаат фер шанса на тие избори. Разговорите во средата не минаа добро. Се надевам дека во најскоро време ќе може да се повторат. Се надевам, исто така, дека премиерот на Македонија знае: оној кој на Западниот Балкан се наоѓа на пат кон Европа и се надева дека таму ќе стигне, тој по ваквиот пат ќе може успешно да чекори само доколку навистина ја преземе одговорноста за зачувување на демократските и структурите на правната држава“, рече Штајнмаер.

Поврзана содржина

Реклама