Шпионски напад врз шпанскиот премиер Санчез – кој стои зад него? | Свет | DW | 02.05.2022
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Шпионски напад врз шпанскиот премиер Санчез – кој стои зад него?

Мобилните телефони на шпанскиот премиер Педро Санчез и на министерката за одбрана биле инфицирани со шпионски софтвер „Пегаз“, соопшти шпанската влада.

Мобилните телефони на шпанскиот премиер Педро Санчез и на министерката за одбрана Маргарита Роблес биле „нелегално" и „надворешно“ прислушкувани со помош на израелскиот  шпионски софтвер   „Пегаз",  изјави шефот на владиниот кабинет, Феликс Боланос на денешната прес конференција во Мадрид. Не станува збор за сомнеж, туку за „страшно тешки факти“, потенцираше Боланос:

„Апсолутно сме сигурни дека станува збор за напад од страна, зашто во Шпанија (...) сите вакви акции се вршат од страна на официјални надлежни служби и со претходна судска дозвола. Во овој случај отсуствуваат двата услови. Затоа, не постои ни минимален сомнеж дека станува збор за напад од надвор“.

Мобилниот телефон  на премиерот бил цел на шпионска активност двапати во мај 2021 година, кога е извршена кражба на податоци, а во јуни бил инфициран и мобилниот телефон на министерката за одбрана, при што е одземен „непознат волумен на информации“. Боланос не прецизираше дали шпанските институции располагаат со укажувања кој би можел да стои зад хакирањето на телефоните и дали тоа е вршено од странство.

Израелскиот шпионски софтвер  „Пегаз"  располага со способност да ги копира податоците од нападнатите мобилни телефони, како и незабележано од кориснсникот да ги вклучува камерата и микрофонот.

Според наводи од невладината организација Амнести интернешнл, досега со помош на овој шпионски софтвер веројатно се шпионирани преку 50.000 мобилни телефони во светот. 

Шпанската влада и самата е под притисок да објасни зошто мобилните телефони на преку 60 луѓе поврзани со сепаратистичкото движење во регионот на североисточна Каталонија биле заразени со „Пегаз" меѓу 2017 и 2020 година.

Каталонската регионална влада го обвини шпанскиот Национален разузнавачки центар за шпионирање на сепаратистите, ставајќи ги односите со националните власти „во мирување“ додека не е добие целосни објаснувања и одговорните не бидат казнети.