Шпанскиот машиновозач пред истражен судија
28 јули 2013Машиновозачот, кој го управуваше возот што излета од шините кај шпанскиот град Сантијаго де Компостела, при што загина 78 лица, денеска треба да биде изведен пред истражен судија. Против 52-годишниот Хозе Гарсон Амо претходно беше покренато обвинение за убиство од небрежност.
Според досегашните наоди на истрагата, причина за тешката железничка несреќа била неприлагодента брзина, односно возот се движел со брзина од 190 километри на час во зона во која се дозволени само 80 километри на час. Машиновозачот е осомничен за развивање на прекумерна брзина на свиок при влез во Сантјаго де Компостела.
Вчера тој беше пренесен во полициска станица, по отпушатњето од болница, каде беше примен поради повреди на главата. Машиновозачот, кој 30 години работи за државната железничка компанија „Ренфе“, вчера одби да одговори на прашањата на полицијата.
Официјалната комеморативна церемонија за жртвите во несреќата ќе се оддржи утре во катедралата на Сантјаго де Компостела.