Шпанскиот крал: Не смее да има нови конфронтации | Свет | DW | 25.12.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Шпанскиот крал: Не смее да има нови конфронтации

Шпанскиот крал Фелипе Шести во своето божиќно обраќање предупреди на опасноста од нови конфронтации по успехот на сепаратистите на изборите во Каталонија.

Фелипе Шести на своето традиционално обраќање на Бадниковата вечер го повика  новоизбраниот парламент во Каталонија да се откаже од натамошни чекори за отцепување. Во Каталонија мора повторно да завладеат опуштеност, стабилност и меѓусебно почитување, предупреди шпанскиот монарх во телевизиското обраќање:

„Патот кој е пред нас не смее уште еднаш да доведе до судири или исклучувања, кои, како што знаеме, создаваат само неслога, неизвесност и мака“.

Тој истакна дека каталонските лидери мораат да се соочат со проблемите кои ги погодуваат сите Каталонци, почитувајќи ја нивната разноликост и размислувајќи одговорно за доброто на сите: „Никој не може да ги реализира своите идеи спротивно на правото на другите“.

Шпанскиот крал ѝ се обрати на нацијата четири дена откако на вонредните регионални парламентарни избори сепаратистичките партии повторно ја добија довербата на гласачите и освоија апсолутно мнозинство гласови.

Претходниот регионален парламент беше распуштен откако во октомври каталонските пратеници, во тогашниот состав, гласаа за прогласување на шпанската покраина за независна република.  Развластениот премиер на Каталонија, Карлес Пуџдемон  по најновиот изборен успех на сепаратистите ја замоли шпанската централна влада за дозвола да се врати во земјата. „Сакам што поскоро да се вратам во Каталонија, тоа би биле добри вести за Шпанија“, рече Пуџдемон, кој избега од земјата, стравувајќи од притвор и се наоѓа во Белгија.

 

DW.COM

Реклама