Шпанија ќе ја активира потерницата по Пуџдемон | Свет | DW | 22.01.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Шпанија ќе ја активира потерницата по Пуџдемон

Шпанското генерално обвинителство побарало реактивирање на меѓународната потерница по каталонскиот екс-премиер, Карлес Пуџдемон. Тој денеска повторно е предложен за премиер на Каталонија, без оглед на отпорот во Мадрид.

До Врховниот суд во Шпанија е веќе доставено барање за обновување на налогот за апсење, соопшти денеска претставник на шпанското Генерално обвинителство. Претходно беше најавено дека чекорот ќе биде преземен  доколку сепаратистичкиот лидер од неговиот досегашен егзил, Белгија, отпатува во Данска.  На аеродромот во Копенхаген, каде Пуџдемон пристигна утрово, не беше задржан од полицијата. Тој допатува со цел да учествува на дискусија под наслов „Каталонија и Европа, крстопат за демократијата?“ на Универзитетот во Копенхаген. Планирани биле и средби со дански политичари.

Карлес Пуџдемон во октомври побегна во Брисел за да се засолни пред истрагата и налогот за апсење кој против него го издаде шпанската влада во врска со спорната Декларација за прогласување независност на покраината Каталонија во минатата година. Пуџдемон е обвинет за бунт, поттикнување немири и проневера на јавни средства. Доколку се врати во Шпанија му се заканува казна до 30 години затвор.

Од аспект на централната влада во Мадрид, отцепувањето на шпанскиот регион Каталонија е неуставно и нелегално.  Сепаратистите сепак успеаја и во најновите регионални избори да го одбранат мнозинството во парламентот на Каталонија,  но не можат и фактички да го реализираат, со оглед што осуммина нивни пратеници се во притвор или во егзил. Моментно регионот е под принудна управа од шпанската централна влада.

Новиот претседател на каталонскиот парламент Роџер Торент денеска повторно го предложи Пуџдемон за премиерската функција во регионот Каталонија. 

 

DW.COM

Реклама