Шпанија се прости од своите 28.400 корона-жртви | Свет | DW | 16.07.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Шпанија се прости од своите 28.400 корона-жртви

Со запазување на правилата за безбедносна дистанца, шпанската влада одржа комеморација за илјадниците жртви на пандемијата на коронавирус. Но, овој чин не може да ја намали болката, изјави кралот Фелипе на церемонијата.

Со голема церемонија во Кралската палата во Мадрид, Шпанија им оддаде почит на преку 28.400 починати како последица на инфекции со коронавирус. На комеморацијата покрај шпанскиот премиер Педро Санчез присуствуваше и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и целото раководство на ЕУ.

Trauerfeier zu Ehren der Coronatoten in Madrid (Getty Images/EFE/AFP/Zipi)

Урсуа фон дер Лајен, Жозеп Борел, Давид Сасоли во Мадрид

Присутни беа и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус. Фон дер Лајен, шпанскиот крал Фелипе Шести и кралицата Летиција, премиерот Санчез и други учесници на комеморацијата положија бели рози пред постаментот со запален факел на плоштадот.

Spanien Madrid Jens Stoltenberg Coronavirus Tribut (Reuters/S. Perez)

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел присуствуваа на комеморацијата

Меѓу учeсниците на церемонијата биле и 400 роднини на стотина жртви на Ковид-19, како и претставници на здравството, полицијата и останатите бранши на првата линија на фронтот против болеста. Со државната комеморација во Кралската палата во Мадрид не им се оддава почит само на мртвите, туку и на целокупниот здравствен персонал, на заслугите на целото шпанско општество, порача шпанската влада.

Повеќе:

Коронавирус: постигнувањето групен имунитет ќе предизвика многу жртви

По 14 недели, крај на вонредната состојба во Шпанија

Првите „тест-летувалци“ од Германија пристигнаа на Мајорка

„Овој чин не може да ја намали болката", истакна кралот Фелипе, потсетувајќи посебно на постарите жртви „кои го променија текот на нашата историја и поставија темел за нашиот демократски соживот". Шпанците беа многу дисциплинирани, подвлече кралот. Церемонијата беше завршена со минута молк.

Шпанија во јуни повторно ги отвори своите граници за влез на патници од Европа. За луѓето кои доаѓаат од држави од ЕУ и Шенген просторот веќе не е задолжителен 14-дневен карантин.

 

Поврзана содржина

Реклама