Шпанија: мора конечно да се разговара! | Свет | DW | 10.10.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Шпанија: мора конечно да се разговара!

Политичката криза во Шпанија полека се „цементира“. Едно граѓанско движење бара од политичарите во Мадрид и во Барселона конечно да почнат да разговараат. Бидејќи, е крајно време за тоа, смета Габриел Гонзалес.

Како можеше шпанската политичка класа вака да потфрли во решавање на проблемите со кои има големо искуство? Не, не станува збор за заканата на Каталонија со отцепување, туку за разговорите за новиот автономен статус на Каталонија, каков што имаат и останатите 17 региони во Шпанија.

По пресудата на шпанскиот Уставен суд од 2010 година, според која некои параграфи од статутот за автономија, издејствуван порано во преговорите со социјалистичката влада- се неспоиви со Уставот, Рахој мораше да им пружи рака на Каталонците. Многу Каталонци таа пресуда ја доживеаја како понижување. Колку вреди потписот на еден крал и согласноста на два парламента, ако на крајот еден мадридски суд одлучува за судбината на Каталонија?

Притоа Каталонците имаа и имаат причина да се жалат. Каталонија учествува во бруто-општествениот производ во земјата со 20 проценти. Но, со распределба на приходот од данокот се управува централно, од Мадрид, и таа не се одвива многу поволно за Каталонија. Покрај тоа два други региона, Баскија и провинцијата Навара, имаат посебни права какви што нема ни Каталонија, ниту некој друг регион. Споменатите две провинции на северот смеат самостојно да го распределуваат данокот и имаат голема буџетска автономија. Зошто не и Каталонија?

Kommentarbild Gabriel Gonzalez PROVISORISCH

Габриел Гонзалес, автор на коментарот

Одбивачкот став на шпанските конзервативци во Мадрид им дојде како порачан на сепаратистите и популистите во Барселона. Тие многу рафинирано апелираа на чувствата на многу Каталонци дека во демократија не би смеело да им се забрани изразување на мислењето и оти барем треба да имаат право сами да одлучуваат за тоа дали сакаат да останат во Шпанија или не. Референдумот беше илегален и правото е на страната на шпанскиот премиер Маријано Рахој- тоа е точно. Но, крутото инсистирање на законите без никаков смисол за емпатија и за субјективно чуство за правда меѓу граѓаните сигурно не е одлика на добра политика.

Сега двете стани се доведоа себе си во позиција во која веќе нема што да се каже или смисли. Дури ни на кралот не му падна на ум ништо подобро отколку да се намурти во камера и да ја повтори приказната на Рахој. Притоа во рака дури го имаше клучот за реторичко разоружување и излез од кризата! Тоа можеби беше негова животна шанса- да одржи говор каков што одржа неговиот татко во ноќта на воениот удар во 1981 година. Можеше да подигне мост со тоа што ќе изразеше длабоко жалење поради полициската бруталност која се случи на 1 октомври во Барселона. Можеше да изговори неколку реченици на каталонски јазик. И пред сѐ од двете страни можеше да побара во најкус рок да стапат во дијалог и да разработат нов автономен статус. Штета. Сега не мора веќе да бара збор. Ја пропушти својата шанса.

Затоа граѓаните мораат самите да се погрижат за решение. Илјадници од нив на улиците и на интернет бараат од политичарите да ја работат својата работа: разговарајте конечно едни со други.

 

Реклама