Шпанија и Каталонија - курс на конфронтација | Свет | DW | 21.10.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Шпанија и Каталонија - курс на конфронтација

Централната влада во Шпанија најавува активирање на членот 155 од Уставот, кој се нарекува уште и „политичка атомска бомба“. Што значи тоа за Шпанија, а што за Каталонија?

Целокупниот развој на ситуацијата во Шпанија укажува на конфронтација. Каталонскиот лидер Карлес Пуџдемон го пропушти ултиматумот поставен од шпанскиот премиер Маријано Рахој, според кој регионалната влада требаше да ја повлече декларацијата за независност од 10. октомври.  Рахој планира активирање на членот 155 од Уставот на Шпанија,  кој дава можност централната влада од Мадрид да ја преземе контролата над Каталонија.

Што предвидува членот 155 од Уставот на Шпанија?

Членот 155 во делот за „територијална“ организација на државата се однесува на случај во кој некоја од 17-те автономни покраини ги запостави интересите на Шпанија. Доколку Сенатот, горниот дом на шпанскиот парламент со апсолутно мнозинство констатира постоење таков случај, шпанската влада може да посегне по „владини мерки“ заради заштита на државните интереси. Слична одредница постои и во Уставот на Германија, во членот 37, во кој се вели дека ако некоја покраина не ги исполнува обврските, Сојузна Република Германија е должна да преземе мерки против неа.

Членот 155 од политички аспект

Конкретните можни мерки во случај на конфликт, во членот 155 од шпанскиот устав не се споменуваат. Според проценките на шпанските политиколози, шпанската централна влада во Мадрид би можела да преземе контрола над „бунтовничката“ покраина, по денешната итна седница. Можно е издавање наредба каталонската полиција да се подреди на Министерството за внатрешни работи во Мадрид и да се разреши каталонската покраинска влада. На пократок или подолг рок би следеле нови регионални избори.

Поради отворената формулација, членот 155 се нарекува уште и „политичка атомска бомба“. Од моментот на стапување на шпанскиот устав во сила, во 1978. година, овој член досега никогаш не е применет.

Spanien Todestag Lluis Companys- Carles Puigdemont (picture-alliance/AP/dpa/M. Fernandez)

Каталонскиот регионален лидер Карлес Пуџдемон не се откажува од независноста

Зошто шпанската влада презема толку драстичен потег?

Власта во Мадрид инсистира на придржување кон шпанскиот устав, при што се користат токму оние мерки кои се предвидени со Уставот за вакви прилики. Владата на Рахој доби и повратна информација од ЕУ. Германската канцеларка Ангела Мрекел изјави: Се надеваме дека ќе се најде решение врз основа на шпанскиот устав“. Тоа е во насока на „неприкосновено единство на шпанската нација.“

Кои се начините Каталонија легално да стекне независност?

Со шпанскиот устав не е предвидено одвојување на автономните покраини. Сепак, се смета дека постојат два начина: едниот е референдум во целата земја, а другиот е измени во Уставот на Шпанија.

Што значи каталонското прашање за Шпанија?

Каталонија е главната економска артерија на Шпанија. Мерено според приходите по глава на жител, оваа покраина е втора најбогата по ред, по автономната покраина Мадрид. Каталонските фирми се тесно поврзани со останатите шпански региони. Воспоставување граница од стопанки поглед би предизвикала жестока криза.

Каталонските врски со остатокот на Шпанија се тесни и од аспект на личните и семејните односи. Само на половина од граѓаните кои живеат во Каталонија мајчин јазик им е каталонскиот. Освен тоа, многумина Шпанци стравуваат дека независноста на Каталонија ќе значи охрабување на сепаратистичките стремежи во останатите делови од земјата, посебно во Баскија, Валенсија и Галиција.

Spanien Barcelona Demonstration gegen Inhaftierung (Getty Images/AFP/L. Gene)

Каталонците се сметаат угнетувани од централната власт

Што е изворот на силата на каталонското движење за независност?

Каталонија е шпански регион со свој јазик и културолошка свест.  Историчарот Валтер Бернекер смета дека Шпанија затоа не е „вистинска нација“. Каталонците, Баскијците и жителите на Галиција пледираат на постоење сопствена нација. Сепак, историски тешко е да се докаже постоење борба за независност. Во 1978 година повеќе од 60 проценти од Каталонците се определија за шпанскиот устав и со тоа за единство на нацијата, помалку од 10 насто тогаш рекоа „не“.

Од 90-те години повикот за независност на Каталонија стана погласен. Преку целно националистичко воспитување во каталонските училишта и на универзитетите, цела генерација израсна во овој дух. Додека сепаратистите своите желби ги преточуваа во политиката, Мадрид беше пасивен. Сепаратистите добија засилен ветар во грбот преку референдумот, на кој државната полиција реагираше со употреба на сила. Одделните насилнички ексцеси на полицијата, како што ги дефинира Хјуман рајст воч, за сепаратистите се потврда дека Шпанија ја угнетува Каталонија.

 

DW.COM

Реклама