Шолц од Софија: Се уште мислам дека има надеж за решение | Северна Македонија | DW | 11.06.2022

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Шолц од Софија: Се уште мислам дека има надеж за решение

Германскиот канцелар Шолц по средбата со бугарскиот премиер Петков порача дека се уште верува оти може да се најде решение за спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија до крајот на јуни.

Олаф Шолц Кирил Петков

Олаф Шолц и Кирил Петков

Германскиот канцелар Олаф Шолц си заминува од Софија со верба дека се уште може да се најде решение за надминување на бугарско-македонскиот спор до крајот на француското претседателство со ЕУ. На прашањето дали побарал од бугарската влада да се откаже од блокадата на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ, Шолц рече дека сега е „моментот за јасни зборови“, и додаде дека таа порака ја испратил и во приватните разговори и јавно. 

По средбата со бугарскиот премиер Кирил Петков, германскиот канцелар рече дека е многу важно да продолжи процесот на проширување на ЕУ. 

„Сметам дека има шанса за постигнување напредок. Ќе продолжиме со разговорите и се надевам на напредок до крајот на француското претседателство. Јас сум убеден дека сите ние, како европејци, имаме одговорност за ЕУ и за стабилноста на Балканот. Важно е да го искористиме процесот на проширување сега, за доброто на Европа“, рече Шолц. 

Претходно, во саботата го посети Скопје од каде ја изрази германската поддршка за Северна Македонија за отворање на преговорите со ЕУ.  

„Германија разбира дека не е лесно да се надминат историските разлики меѓу две земји, но германското искуство покажува дека е збогатувачко за сите земји кога ќе се надминат  недовербата и ќе се изградат пријателски односи со соседите“, рече Шолц. 

Според канцеларот, руската агресија врз Украина ја зголемила подготвеноста на многу земји-членки на ЕУ „да му го отворат патот на Западниот Балкан“, што „досега не било случај“. 

Неговиот домаќин, Петков повтори дека Бугарија има три услови чиј гарант треба да биде ЕУ за да го дигне ветото за Северна Македонија.

„Позицијата на Бугарија во оваа фаза е дека ветото за почеток на преговорите за членство во ЕУ за Северна Македонија може да се укине само доколку Скопје даде гаранции дека ќе го спроведе Договорот за добрососедство и ќе ги вклучи Бугарите како една од државотворните нации во својот устав", рече Петков.

По разговорите со Петков, германскиот канцелар замина на состанок во четири очи со бугарскиот претседател Румен Радев. 

Тоа беше петтата и последна станица на балканската турнеја на Шолц во рамките на која, од петокот ги посети Србија, Косово, Грција, Северна Македонија и Бугарија.  

 

DW.COM