Шокантни слики од поплавите во Германија, расте бројот на жртви | Информации и анализи за Германија | DW | 15.07.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Шокантни слики од поплавите во Германија, расте бројот на жртви

Урнати и поплавени куќи, 200.000 луѓе без електрична енергија, најмалку 70 исчезнати лица, спасувачките екипи во непрекината акција - поројните дождови и невремето предизвикаа хаос во делови од Германија.

Поплавите предизвикани од непрекинатите обилни врнежи од дожд и невремето во западна Германија предизвикаа смрт на повеќе луѓе, бројката се искачи на 33 жртви. Реките и потоците ноќеска во покраините Северна Рајна Вестфалија и Рајнланд Пфалц се излееја од коритата и прераснаа во надојдени буици, уништувајќи цели населби.

Во повеќе региони снабдувањето со електрична струја е во прекин, се заканува попуштање на неколку брани. Водостојот на Рајна, Рур, Мозел и помали реки е во постојан пораст. Екипите за противпожарна заштита, Техничка помош и други спасувачки тимови се во постојана акција. Ангажиран е и Бундесверот со околу 200 војници. Висината на штетата засега е несогледлива.

 

BdT Deutschland Unwetter in Esch Rheinland-Pfalz

Реки наместо улици во Еш, округот Арвајлер, Рајнланд Пфалц

Во округот Арвајлер во Рајнланд Пфалц, каде е прогласена вонредна состојба поради природна катастрофа, во поплавите загинаа четири лица, изјави полицискиот портпарол Ларс Брумер, преку 30 лица се водат за исчезнати.Повеќе куќи и еден мост во регионот Ајфел се срушија, а загрозени се уште неколку објекти. Околу 50 жители морале да се засолнат на покривите на куќите.

Во округот Меркиш во Северна Рајна Вестфалија пожарникар загинал во обид да спаси човек паднат во вода. Друг пожарникар колабирал за време на акција и починал.

BdT Deutschland Unwetter in Solingen Nordrhein-Westfalen

Улиците на Солинген под вода

Тешко погоден е и градот Солинген во Бергишен ланд. Населбата Унтербург е делумно евакуирана, 600 станари се пренесени во хотели во околината. Спасувачите ослободиле човек од подрумска шахта, но тој починал на пат во болница.

И во градот Хаген се поплавени бројни улици, евакуиран е еден старски дом. Војниците од Бундесверот со чамци спасиле работници од индустриска зона, кои 18 часа биле опколени од водените маси.

BdT Deutschland Unwetter in Hagen Nordrhein-Westfalen

Ноќешни слики од градот Хаген

BdT Deutschland Unwetter in Hagen Nordrhein-Westfalen

Надојдените води по повлекувањето оставија пустош во Хаген

Германската железница издаде препорака патниците по можност да не тргнуваат од и кон Северна Рајна Вестфалија, поради екстремните врнежи делови од пругите се поплавени.

Unwetter in Schuld

Невремето и поплавата предизвикаа пад на неколку куќи во местото Шулд

Покраинската влада на Рајнланд Пфалц на вонредна седница на парламентот најави помош за погодените региони.

Покраинската премиерка Малу Драјер со драматични зборови ја опиша ситуацијата: „Има мртви, има исчезнати, многумина се во опасност. Сме доживеале поплави и порано, но ваква катастрофа не сме виделе“, изјави Малу Драјер.

BdT Deutschland Unwetter in Köln

Расте водостојот на Рајна во Келн