Шницла за која никој не плаќа со животот | Панорама | DW | 12.08.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Шницла за која никој не плаќа со животот

Пред три години во Лондoн беше прикажана сензација: еден маж јаде хамбургер. Сензационално не беше во фактот што хамбургерот чинел 290.000 евра, туку дека за тоа парче месо, ниту една крава не платила со животот.

Научниците со поддршка на ексцентричниот коосновач на Гугл, Сергеј Брин со години експериментираат со цел од матичните клетки на говедо да направат ткиво кое е биолошки идентично на неговото месо. За оваа демонстрација било потребно да се направат околу 20.000 говедски мускулни влакна. Секако дека таквата плескавица уште долго нема да може да ја купиме кај месарот, но вака „одгледаното“ месо може да биде дел од секојдневието за дваесет или триесет години.

Но една израелска фирма, отворена оваа година, тврди дека прогнозата е премногу песимистичка. Фирмата се нарекува Super Meat и смета дка новиот начин за добивање на месо ќе биде нормален за две до три години. Во таков случај парче месо би чинело околу два долари. Но, не би било од говедско, како што велат во Super Meat, многу е поедноставно да се произведе вештачко-пилешко.

Само не тофу!

„Тоа е совршено решение бидејќи никого не мора да терате да ги менува навиките“, објаснува Шир Фридман од Super Meat: „Не барате од луѓето да преминат кон тофу или растителни производи. Дајте им го истото месо кое во рамките на своите култури го јаделе илјадници години“.

Иако е вложено многу труд во обидите да се произведе говедско, Super Meat се фокусираат на пилешко бидејќи е најраспространето на светскиот пазар (на секоја заклана крава се убиваат околу 100 пилиња).

Целта на израелските претприемачи е да создадат специјална машина која ќе произведува ткиво слично на пилешки прсти. Оваа направа веројатно на почетокот ќе стои само во фабриките за месо. Но можеби наскоро ќе стане дел од инвентарот во продавниците па дури и во кујните. Во неа ќе се стави мала капсула и под притисок на копче ќе се добива плешка шницла-толку свежа, што посвежа не може да биде.

За разлика од оној хамбургер на Сергеј Брин, оваа израелска технологија, како основа не користи животински серум, туку „обични клетки“. Се заснова на револуционрното откритие на Јаков Нахмиј, професор од Хебрејскиот универитет, претставен во 2006 година: тоа бил 3Д печатач со кој Нахмиј создава клетки на човеков црн дроб.

Конечно решение за зачувување на животната средина

Луѓето одамна се обидуваат вештачки да создадат месо. На почетокот на дваесеттиот век, во период кога се раѓаа изуми кои од корен го променија нашиот живот, се мислело дека во најскоро време ќе се најде начин да се создаде вештачко месо. На пример, во 1932 година, Винстон Черчил во својот есеј „50 годни во иднината“, напишал: „Мораме да ја избегнеме апсурдната ситуација да одгледаме цела кокошка само за да ги изедеме нејзините гради или крило-така што тие делови ќе ги одгледаме посебно“.

Но, се покажало дека е доста тешко да се оствари оваа визија. Повторен обид имало по Втората светска војна кога се дошло до доста откритија во органската хемија. Остатоци од овие напори денеска може да се најдат во инстант супите, каде вештачки остатоци се рекламираат како „говедско“. Потрошувачите им свртеа грб на ваквите производи секогаш кога можеа да дојдат до вистинско месо.

Денеска и граѓаните се расположени да бараат алтернатива, иако, поради други причини: многумина целосно се откажале од секаков вид на месо, гледајќи во каква индустрија се претвори одгледувањето и колењето на животни за нашата исхрана. Но, ниту новите вегетаријанци не можеа да ги натерааат научниците посериозно да се зафатат со проблемот.

Сега имаме и проблем со промена на климата. Тоа е дополнителен поттик ваквото месо набрзо да се најде на нашата трпеза. Бидејќи, одгледувањето на животни за колење предизвикува голема потрошувачка на енергија и емисија на јаглен-диоксид во атмосферата, како што бара и голема количина на земја и сточна храна.

Повеќе храна од помалку земја

Сега половина од обработливата површина од нашата планета се користи за пасишта и за производство на животинска храна. За споредба, само четири отсто од оваа површина се користи за производство на житарки за човековата потрошувачка.

Овие силни животни за нашата исхрана произведуваат околу пет отсто јаглен-диоксид и 40 отсто метан кој оди во атмосферата. Метанот е корисен како гориво, но повеќе придонесува за создавање на ефектот на стаклена градина од јаглен-диоксид.

А и луѓето, се сѐ повеќе, при што може да живеат се подобро, и тоа во овој случај е проблем. Бидејќи се повеќе граѓани на Кина или Индонезија редовно јадат месо, па се очекува потрошувачката на месо до 2050 да биде двојно поголема отколку сега. Дури и ако се најде начин да се прехранат сите тие животни, тоа ќе значи дека тие речиси подеднакво ќе влијаат на промената на климата и на транспортните средства што ги користиме денеска, од авион, па се до автомобили и бродови.

„На овој начин не може да се опстане“, убеден е портпаролот на Super Meat Фридман: „Всушност и немаме друга можност отколку да го прекинеме тој процес. Планетата Земја нема доволно површина и вода за да продолжиме вака како што живееме досега“.

На универзитетите во Оксфорд и во Амстердам се обиделе да проектираат во иднина што би се случило кога сите луѓе би престанале да јадат месо и би се свртеле кон „вештачките“ шницли: би престанала емисијата на 80 отсто од гасовите за кои се смета дека создаваат ефект на стаклена градина а би бил доволен само еден отсто обработлива површина на земјата во однос на површината која денеска ја користиме. Секако дека вештачкото производство на месо по идеја на израелските претприемачи подразбира и големата количина на енергија, но кога се ќе се собере и ќе се одземе, за тоа би било потребно седум отсто помалку енергија отколку што се користи сега за одгледување на животни.

Како ова месо да биде привлечно?

Дури и на најголемите заговорници за зачувување на природата, тешко им паѓа кога ќе се откажат од парче печено месо. Проблем е и наоѓање на инвеститор кој ќе помогне за унапредување на новата технологија затоа што уште многу треба да се открива...Нема баш многу богаташи како Сергеј Брин, така што и Super Meat има проблем со наоѓање на партнери кои ќе им помогнат во развојот.

Првиот чекор е токму наоѓање на адекватно име за таква фирма: Загрозено месо или месо од матични клетки, би биле повеќе прецизни изрази од Супермесо, но кој би купувал производ кој „мириса“ на лабораторија и хемија? „Кога тоа ќе стане комерцијален производ, супермесото воопшто нема да биде создавано во лаборатории туку во машини. Ништо од тоа нема да биде близу до некакви лабораториски уреди“, уверува Фридман.

Израелската фирма нашла неколку инвеститори, но потребно и е многу повеќе капитал. Затоа на интернет се претстави посебна видео-снимка за технологијата која можеби ќе го промени нашиот свет барем во мера во која тоа го сторија транзисторот и микрочипот. Секој граѓанин е повикан финансиски да ја поддржи оваа идеја. Тоа е начин во краток рок да се соберат стотина илјади дилари, но „така можеме а се обратиме до инвестиорите и да им кажеме: гледајте, луѓето веруваат дека тоа е технологија која доаѓа“, вели Фридман.

Реклама