Ши Џинпинг - големиот кормилар 2.0 | Свет | DW | 25.10.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ши Џинпинг - големиот кормилар 2.0

Претседателот на Кина, Ши Џинпинг го започнува вториот мандат со поддршка каква што немал никој по Мао Цетунг. Се враќа ерата на големиот водач, само методите станаа помодерни, коментира Матијас фон Хајн.

Не, Ши Џинпинг не е „големиот претседавач". Сепак, шефот на кинеската држава и партија важи за „претседавач на сѐ“. Ниту еден шеф на партијата, по Мао Цетунг, во своите раце немаше концентрирано толку многу моќ како Ши во првите 5 години од својот мандат.

Со тоа што „Ши Џинпинговата мисла за социјализам со кинески карактеристики за новата ера" официјално стана дел од статутот на партијата, овој 64-годишник, кој потекнува од старо семејство на функционери, формално се придружува на основачот на партијата Мао. Таква чест не му е укажана никому по Мао. Во Централниот комитет на Политбирото Ши веќе не е прв меѓу еднаквите - тој е сега само прв! Тој е Големиот кормилар 2.0.

Огромен портрет на поранешниот кормилар сѐ уште виси над влезот во старата царска палата во срцето на Пекинг, а мавзолејот на Мао со неговото балзамирано тело доминира на плоштадот Тјенанмен. Но, треба да се потсети: дури и официјално, делото на Мао е оценето само како седум десетини добро и три десетини лошо. На пример, затоа што со „Големиот скок напред“ меѓу 1958 и 1961 година предизвика најголем глад во светот, со милиони мртви. Или затоа што со културната револуција предизвика национална катастрофа.

За да се избегнат таквите ексцеси во иднина, Комунистичката партија го воспостави принципот на „колективно раководство“. Со крунисувањето на Ши партијата се прости од тој принцип.

von Hein Matthias Kommentarbild App

Матијас фон Хајн, автор на коментарот

Ши го почнува својот втор мандат со поддршка без преседан. Внесувањето на неговото дело и име во партискиот статут е само почеток. Бидејќи, тука се и кадровските промени, најголеми во партијата од 1969 година: 70 отсто од местата во Централниот комитет ги заземаа нови луѓе, 5 од 7 места во семоќниот Централен комитет на Политбирото беа ослободени. На нив Ши постави свои верни следбеници. Во која насока сака да ја води најголемата нација во светот? Најмоќниот човек во Кина тоа јасно го кажа во еден од најдолгите говори со кој некогаш е отворен еден конгрес. Во 203 минути, Ши јасно стави до знаење: ерата на Денг Сјаопинг е завршена - ера во која беше најважно Кина да стане богата. Сега доаѓа ерата на Ши, во која Кина би требало да стане силна: внатре преку семоќната партија и семоќниот шеф на партија. Силна надвор до 2035 година со војска на светско ниво - со други зборови на ниво на САД.   

Големата визија се протега сѐ до 2050 година. Меѓутоа, она што Ши го најави за наредните 5 години, звучи веќе познато: кампањата за борба против корупцијата треба да продолжи. Пред сѐ, треба да се развива влијанието на партијата во сите сегменти од животот.

Тука Ши, исто така, смета на Биг Дата: партијата сака да ги искористи податоците од кинеските ИТ-компании и да воведе за секој од 730 милиони корисници на интернет обврзувачки „општествен систем на бодување“: Секоја акција ќе биде наградена со позитивни или казнета со негативни бодови. Вештачката интелигенција би требало да помогне во создавање на совршен поданик. Државната контрола веќе работи на систем за препознавање на лица: државната безбедност треба да биде во состојба во рок од 3 секунди да го идентификува секој Кинез снимен на една од 20 милиони камери за надзор на јавни места.

Не само што оваа технолија за надзор треба да се извезе: Ши Џинпинг му препорачува на светот целиот кинески модел да се преземе како дел од „кинеската мудрост“. Со економски успешната еднопартиска диктатура, Ши Џинпинг се натпреварува со системот на Западот. Слабоста на Западор со Доналд Трамп во Белата куќа во овој момент му ја олеснува рабоата. Европа мора за тоа да најде одговор.

DW.COM

Реклама