Шефот на пропагандата на ИД убиен во Сирија | Свет | DW | 31.08.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Шефот на пропагандата на ИД убиен во Сирија

Тој беше најважната алка на пропагандната машинерија на џихадистите во самопрогласениот „Калифат“- човек кој на „Исламска држава“ ѝ даде пробивна сила во медиумите. За терористичката пропаганда ова е тежок удар.

Еден од врвните лидери на терористичката милиција „Исламска држава“ (ИД), според наводите на екстремистите е убиен во северна Сирија. Портпаролот на ИД, Абу Мохамед ал-Аднани загина во Алепо како маченик, додека ги надгледуваше воените операции, соопштија џихадистите на интернет. Вистинитоста на информацијата не може да биде потврдена од независни извори. Веста беше пренесена преку вообичаените канали на ИД. И вебсајтот Амак- исто така еден од гласниците на ИД- извесува за смртта на Ал-Аднани.

Најопасното оружје: интернетот

Шефот на пропагандата на ИД успешно дејствуваше сѐ до Европа: постојано тој ги повикуваше муслиманите на џихад во завојуваните региони. Како што Јозеф Гебелс, кој како нацистички министер за пропаганда во Третиот Рајх бараше „тотална војна“, така Ал-Аднани повикуваше на вооружена борба. Големиот број луѓе, кои ги следеа повиците, покажува колку одлучувачка беше неговата работа во регрутирањето на нови терористи.

Додека соборците на Ал-Аднани убиваа и палеа, неговото најопасно оружје беше интернетот. Во прв ред преку социјалните мрежи и познати исламистички веб сајтови видеата и прилозите на џихадистите се шират со огромна брзина низ целиот свет- без воопшто да бидат контролирани од безбдносните сили, кои често можеа да интервенираат само дури откако повикот веќе беше стигнал до оние до кои беше упатен.

Тој го прогласи „Калифатот“

Токму Ал-Аднани беше тој, кој во летото 2014 година во аудио порака го прогласи „Калифатот“ на „Исламска држава“ на чело со Абу Бакр ал-Багдади. Во мај минатата година гласноговорникот на ИД ги повика приврзениците на џихадистите на напади во западните земји за време на муслиманскиот месец Рамазан.

За возраста на Ал-Аднани има различни податоци. Тој наводно бил роден во Сирија во 70-те години од минатиот век. САД за негово заробување или убивање имаат распишано парична награда од пет милиони долари. Во изминатите месеци веќе беа убиени повеќе раководни луѓе на сунитските екстремисти од „Исламска држава“.

DW.COM

Реклама