Шефот на Алибаба си даде „отказ“ | Економија | DW | 08.09.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Шефот на Алибаба си даде „отказ“

Најбогатиот човек во Кина, чиј концерн суверено владее со тамошниот трговски интернет- простор, реши да се повлече од раководната функција во Алибаба.

Џек Ма, соосновач и шеф на кинескиот интернет-трговски гигант Алибаба и истовремено најбогат човек во Кина, најави свое повлекување. Од понеделник, на својот 54-ти роденден, тој ќе се прости од раководењето со Алибаба за да се посвети на филантропски активности, како што најави во вчера објавеното интервју за весникот „Њујорк тајмс“. Претстојната смена на врвот на концернот тој не ја смета за крај, туку за почеток на нова ера. Сепак, тој останува во Надзорниот одбор на трговскиот концерн. 

China Alibaba Gruppe (picture-alliance/Imaginechina/H. Lili)

Алибаба е голем конкурент на Амазон

Текот на кариерата на Џек Ма е бајковит, учел англиски од туристи како туристички водич, станал учител по англиски, иако трипати паднал на приемен испит на факултет, се оженил со жената која ја запознал во текот на студиите. По понатамошното дипломирање економија во Пекинг, конкурирал за работа на 30 места и -секаде бил одбиен. За време на патување во САД, во 1995. година првпат видел компјутер. Но, оттогаш почнал вртоглавиот подем. 

Повеќе: 

Алибаба: Свртување кон секојдневието

Основачот на „Алибаба“ е најбогатиот Кинез

Кој се плаши од Алибаба?

Ма го основаше Алибаба во 1999. година во својот стан во Ханчжоу и го разви до најпозната кинеска интернет-платформа. Во понатамошните години претпријатието прерасна во еден од најголемите светски интернет трговски концерни. Само во изминатиот квартал неговиот обрт порасна за 67 проценти, на 80,9 милијарди јуани (околу 10,2 милијарди евра) во однос на лани, како што беше сопштено во август. Алибаба има 576 милиони активни корисници во своите неколку кинески интернет-трговски платформи.

Donald Trump und Jack Ma (Getty Images/AFP/T.A.Clary)

Доналд Трамп и Џек Ма

Соосновачот Џек Ма, со имотот проценет на околу 40 милијарди долари, се смета за најбогат човек во Кина. Вредноста пак на концернот Алибаба, според наводите на „Њујорк тајмс“, се проценува на 420 милијарди долари. 

Успехот на фирмата базира врз високи инвестиции во логистичките мрежи заради лиферување производи низ Кина. Кон тоа се надоврзува и сопствениот систем на плаќање Ant Financial, првично Alipay.

Растежот на интернет-гигантот не одеше секогаш праволиниски и непречено. Меѓу другото, постојано се случуваа проблеми со кинеските власти поради продажба на фалсификувани производи. Од истата причина, САД го ставија Алибаба во 2016. и во 2017. година на својата црна листа.

 

DW.COM

Реклама