Шефовите на дипломатии на ЕУ ќе разговараат за Западен Балкан | Свет | DW | 29.08.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Шефовите на дипломатии на ЕУ ќе разговараат за Западен Балкан

Министрите за надворешни работи на ЕУ на неформален состанок утре и задутре во Виена ќе ја разгледуваат и ситуацијата на Западен Балкан со фокус на проширувањето.

На неформалниот состанок ќе учествуваат и претставници од земјите кандидати- Македонија, Србија, Црна Гора, Турција и Албанија, соопшти австриското претседателство на ЕУ.

На состанокот ќе присуствува и претседателот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, Дејвид Мекалистер.

„Расправата за југоисточна Европа ќе биде во согласност со развојот во претстоечките месеци, со фокус на проширувањето“, наведе австриското претседателство на ЕУ. 

Повеќе на темата:

-Неисполнетите ветувања на ЕУ го дестабилизираат Балканот

-ЕУ-Западен Балкан: Зошто е подобро да се (не)наведе датум?

-ЕУ му дава 14 домашни задачи на Балканот

Инаку Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, денеска укажа дека пристапните преговори во иднина ќе траат подолго отколку што тоа беше порано случај. Во интервјуто за австрискиот весник „Тиролер тагесцајтунг“ Хан кажа оти во иднина квалитетот ќе биде пред брзината.

Тој изјави дека членствата на земјите како што се Унгарија и Романија покажале многу. „На крајот на болниот процес граѓаните сакаат владеење на правото, како што се виде на протестите против корупцијата во Романија“, наведе Хан. Тој рече оти ЕУ извлекла поуки од досегашните пристапни процеси. „Процесите кои ги поттикнуваме на Западен Балкан би требало да добијат многу повисоко ниво на неповратност кога станува збор за воспоставување на владеење на правото и борбата против корупција“, истакна Хан. 

 

 

DW.COM

Реклама