Шефицата на СПД си заминува, кризата во германската влада се заострува | Свет | DW | 03.06.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Шефицата на СПД си заминува, кризата во германската влада се заострува

Шефицата на СПД се повлекува и со тоа уште повеќе ја заострува кризата на сите нивоа, како во сопствената партија, така и во сојузната влада и Европа. Отворени се сите карти за иднината.

Андреа Налес со повлекувањето од сите политички функции ги изненади сите. Таа всушност требаше неделава да биде реизбрана за шефица на пратеничката група на СПД во Бундестагот. Во таа насока беше и нејзината решителност по историски најлошиот резултат на СПД на изборите за Европскиот парламент на 26 мај. Рече дека ја сфатила својата одговорност, но „сака и да преземе“ неопходни мерки. И одеднаш ваков потег. Во Берлин одлуката на Налес предизвика голема загриженост не само во редовите на нејзината партија.

Социјалдемократите, според извори во партијата, денеска донесле одлука СПДа привремено да биде раководена од триото Мануела Швезиг (премиерка на покраината Мекленбург Предна Померанија), Малу Дрејер (премиерка на покраината Рајнланд Пфалц) и Торстен Шефер-Гимбел (шеф на огранокот на СПД во покраината Хесен). Сѐ уште нема договорен термин за одржување вонреден партиски конгрес, на кој би се избрал нов лидер. 

Кој би можел да ја наследи Налес на лидерската функција во СПД? Кој во иднина треба да ја води пратеничката група во парламентот? И пред сѐ, како ќе се одвиваат работите со владината коалиција? Синоќа канцеларката Ангела Меркел одржа прес-конференција. Изјавата на демохристијанката траеше точно 88 секунди. Работата на владата ќе продолжи „со сета сериозност и пред сѐ со голема свест за одговорноста што се има“, рече Меркел. 

Manuela Schwesig, Malu Dreyer und Thorsten Schäfer-Gümbel (picture-alliance/dpa/S. Stein)

Триото што привремено ќе раководи со СПД: Швезиг, Дрејер, Шефер-Гимбел (од лево кон десно)

Андреа Налес сакаше голема коалиција

Прашањето е само дали коалицискиот партнер на Меркел го сака истото. СПД уште по изборите за Бундестагот во 2017 година не сакаше да се продолжи со внатрепартиски исклучително оспоруваната коалиција. Но, по изненадувачки неуспешните преговори меѓу конзервативните ЦДУ/ЦСУ, Зелените и Либералите, СПД го смени ставот. Од одговорност спрема државата, гласеше објаснувањето. Андреа Налес пресече. Во гласањето на членовите само две третини се согласија за црно-црвена коалиција, трета од 2005 година. Оние што во тоа време се противеа сега сметаат дека ја добиле својата потврда. На сите важни избори СПД беше поразена, не само во Германија, туку и во Европа. Последно го загубија и Бремен, еден од нивните последни упоришта. За првпат таму ЦДУ на Меркел е најсилна партија. Не е ни чудо што поразите на кои им немаше крај влијаеја на расположението и Налес од ден на ден стануваше сѐ поспорен лик во партијата.

Повеќе:

Европски избори: Историски лош резултат за германските владејачки партии

ЦДУ во потрага по наследник на Меркел, СПД - по нови концепти

Меркел: "…кога ќе помислам на ситуацијата во светот"

Канцеларката сега повеќе од кога било треба да стравува дека нејзината коалиција би можела да се распадне. Затоа нејзините неколку реченици по најавеното повлекување на Налес може да се сфатат како итен апел до СПД да остане во коалицијата. „Темите кои треба да се решат се на преговарачката маса.“ Како во Германија, така и во Европа, но „и кога ќе помислам и на ситуацијата во светот".

Неуспех на владата на Меркел би можел да има последици и врз Европската унија. Штотуку избраниот нов состав на Европскиот парламент, како и претседателите на држави и влади се пред тешка задача да формираат нова Комисија. Ниту десницата ниту левицата имаат мнозинство. За можен нов претседател на Комисијата, меѓу другото, се споменуваше и германецот Манфред Вебер од ЦСУ. Фрагилна владина коалиција во неговата татковина би можела да ги намали неговите изгледи да биде избран.

ЦДУ на Меркел и сестринската партија ЦСУ имаат интерес на продолжување на коалицијата со СПД и во поглед на случувањата во Брисел. Претседателската на ЦДУ Анегрет Крамп-Каренбауер очекува од СПД да остане во владата. „Коалицискиот договор е основата за застапувањето на германските интереси во Европа и во светот." Треба со „добра владина политика“ да ѝ се служи на земјата, нагласи Крамп-Каренбауер. СПД која е во тешка криза сега мора брзо да одлучи кој ќе ја наследи Налес на политичките функции. 

SPD Krise Andrea Nahles Rücktritt Symbolbild (picture-alliance/dpa/A. Prautzsch)

Според последните анкети, СПД има огромен пад и поддршка од само 12% избирачи

Од нови избори би профитирале пред сѐ Зелените

Во меѓувреме и останатите партии анализираат како ќе се развиваат нештата понатаму. Сегашниот легислативен период, според планот, трае до 2021 година. Ако дојде до предвремени избори, пред сѐ Зелените може да се надеваат дека може да бидат дел од идната влада. Според последните анкети на Институтот за истражување на јавното мислење Форца, партијата на Зелените за првпат води со 27% поддршка, пред партиите на Унијата (ЦДУ/ЦСУ) кои имаат 26%. СПД има огромен пад и поддршка од само 12%. Ова покажува дека конзервативците и Зелените може да сметаат на заедничко стабилно мнозинство. Тие нема веќе да се потпираат на ФДП (либералите) со кои во 2017-та преговараа за таканаречената Јамајка коалиција. Тогаш ФДП се откажа од понудата да биде дел од владата. Објаснувањето на партискиот шеф Кристијан Линднер гласеше: „Подобро е да не се владее, отколку да се владее погрешно.“

Anstecker der Volksparteien CDU und SPD auf brüchigem Grund (picture-alliance/dpa)

Ќе опстои ли коалицијата?

Малцинска влада - ризичен потег

Реченица, на која по шокот со Налес се присетија дел од луѓето, пред сѐ во СПД. Многумина уште од почетокот сметаа дека е грешка да ѝ се помогне на Ангела Меркел за четвртата кандидатура. Таа може да заврши порано од планираното. Ако СПД излезе од коалицијата, покрај нови избори ќе има и можност за малцинска влада. Тоа ќе значи дека канцеларката ќе мора да бара нови мнозинства за секој политички проект. Варијанта која е малку веројатна имајќи ги предвид домашните и меѓународните предизвици.

DW.COM

Поврзана содржина

Реклама