Шест преживеани пронајдени во затрупаниот хотел | Свет | DW | 20.01.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Шест преживеани пронајдени во затрупаниот хотел

Спасувачките операции кај хотелот во италијанскиот регион Абруцо, затрупан од лавина, се одвиваат во екстремно тешки услови. По мрачните првични прогнози, се случи позитивен пресврт. Во хотелот има преживеани.

Во хотелот „Ригопјано“ на планината Гран Сасо, кој пред два дена беше затрупан од силна лавина, спасувачите пронајдоа шестмина преживеани. Во овој момент повеќето од нив и натаму се во затрупаниот хотел, но спасувачките служби комуницираат со нив, пренесуваат новинските агенции. Италијанските медиуми пренесoa дека меѓу преживеаните има и едно девојче, а информацијата ја потврди и заменикот министер за внатрешни работи Филипо Бубико. Според извештаите, едно лице е веќе извлечено и добива лекарска помош. 


Под многу отежнати услови спасувачите се обидуваат да дојдат до триесетината луѓе кои по лавината останаа заробени во хотелот. Вчера од под купот снег извадија две жртви, додека на две лица кои се наоѓале на отворено при налетот на лавината им била укажана медицинска помош. 
„Од вчера работиме во екстремни услови трагајќи по преживеани. Кучињата трагачи имаат трага, но мораме да ископаме уште над 4 метри снег“, рече претставникот на спасувачкиот тим Матео Гаспари.
Лавината го затрупа хотелот во средата вечерта (18.01.2017) по серијата земјотреси која ја погодија централна Италија, од кои најсилниот беше со интензитет од 5,7 степени според Рихтеровата скала. Во моментот на несреќата во хотелот се наоѓале најмалку 22 гости и седуммина вработени, меѓу кои и две деца.

Гледај видео 02:04

Хотел во Италија затрупан од лавина

 

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама