Шведскиот експеримент со Ковид-19 на стаклени нозе | Свет | DW | 20.05.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Шведскиот експеримент со Ковид-19 на стаклени нозе

Студија во Шведска откри дека само 7,3 отсто од жителите на Стокхолм развиле антитела на Ковид-19 до крајот на април, што пак ја става под прашање стратегијата за развој на имунитет на стадото.

BdTD Schweden Stockholm Menschen genießen Frühlingswetter (AFP/TT/A. Wiklund)

Жители на Стокхолм уживаат во сончевото време и покрај пандемијата на коронавирус

Стратегијата беше пропагирана од главниот епидемиолог Андерс Тегнел, чии препораки за полесни мерки против вирусот, наспроти задолжителниот карантин кој го практикуваат многу други земји, го подели јавното мислење во земјата.

Одлуката на Шведска да ги остави отворени училиштата, рестораните, баровите и бизнисот доведе до далеку повисоки стапки на смртност во однос на другите нордиски земји, иако пониски од оние во Британија, Италија и Франција.

Сепак, во последните седум дена Шведска има највисока смртност од Ковид-19 по глава на жител во Европа. Во неделата од 12 до 19 мај, стапката на смртност во Шведска била 6,25 луѓе на милион жители дневно, што е повисоко и од Британија каде во истиот период била 5,75 смртни случаи дневно на еден милион жители.
Целта на студијата за антителата беше да утврди дали се развива ткн. имунитет на стадото, ситуација во која доволен број луѓе во населението развиле имунитет на инфекцијата со што би се спречило и ширењето на болеста.
Теоретските модели предвидуваа дека околу една третина од населението на главниот град досега требаше да го има вирусот, и дека меѓу нив ќе се развие барем ограничен имунитет.
„Бројките се малку пониски од очекуваните, но не драматично пониски, можеби неколку проценти“, изјави Тегнел.

Anders Tegnell (picture-alliance/TT/F. Sandberg)

Главниот шведски епидемиолог Андерс Тегнел


Но, концептот на имунитет на стадото досега не е тестиран на коронавирусот, и не се знае на колку долго и каков имунитет би стекнале опоравените пациенти.

Шведските експерти велат дека нивната стратегија не е само да се изгради имунитетот, туку да се забави вирусот за да се заштити здравствениот систем, но не и целосно да се запре. Тие велат дека земјите кои наметнале целосен карантин за да го спречат ширењето на коронавирусот можат да се соочат со нови бранови на епидемијата откако ќе се олабават мерките.

Светската здравствена организација предупреди да не се полагаат големи надежи  врз концептот за имунитет на стадото, затоа што глобалните студии покажале дека антитела се пронајдени кај само 1 до 10 проценти од населението.
Шведскиот професор по инфективна медицина Бјорн Олсен е дел од група академици кои се критични кон одговорот на пандемијата и го нарекува концептот на имунитет на стадото „опасен и нереален“.
„Имунитетот на стадото е многу далеку, доколку воопшто го постигнеме“, вели Олсен.
Пристапот на Шведска е карактеристичен не само по избегнувањето на карантинот, туку и релативно ниското ниво на тестирање и следење на контактите.

Оттука и бројот на смртни случаи од Ковид-19 кој достигна 3,831 е повеќе од три пати повисок од заедничкиот број на смртни случаи во Данска, Норвешка, Финска и Исланд, земји со сличен здравствен систем и демографија.

DW.COM

Реклама