Членовите на ЦДУ го сакаат Фридрих Мерц за нов лидер | Информации и анализи за Германија | DW | 17.12.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Членовите на ЦДУ го сакаат Фридрих Мерц за нов лидер

Членовите на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) сакаат нов лидер на партијата да биде пратеникот Фридрих Мерц. Ова е прво вакво гласање во историјата на конзервативната партија.

Христијанско-демократската унија првпат во своето постоење ги праша членовите на партијата кому би му ја дале довербата да ги води. И, тие со мнозинство гласови се одлучија за Фридрих Мерц. Официјално за новиот претседател на партијата би требало да гласаат 1001 делегати на дигитален партиски конгрес на 21/22 јануари 2022 година. Но, важи за сигурно дека делегатите ќе се држат до желбата на партиските членови.

За Фридрих Мерц, поранешен шеф на пратеничката група на ЦДУ, гласаа 62,1% од партиските членови кои го дадоа својот глас. На второ место е Норберт Ретген со 25,8% гласови, а на трето место е Хелге Браун со освоени 12,1% од гласовите.

Мерц изрази задоволство поради високиот одзив на гласањето - својот глас го дадоа 66,02% од членовите на ЦДУ - и рече дека е тоа „извонреден резултат за една партија која живее и која сака да биде активен чинител“ во општеството.

Deutschland Friedrich Merz wird neuer CDU-Parteivorsitzender

Хелге Браун (л.), Фридрих Мерц и Норберт Ретген (д.)

Изборот на нов лидер на ЦДУ следува по катастрофалниот резултат на Унијата на парламентарните избори во септември годинава. ЦДУ и ЦСУ на овие избори постигнаа историски најлош резултат, односно освоија само 24,1% од гласовите и мораа да заминат во опозиција. Шефот на ЦДУ, Армин Лашет, кој беше кандидат за канцелар, по изборите најави свое повлекување. Тој сега е пратеник во Бундестагот и член на парламентарната Комисија за надворешна политика.

Норберт Ретген и Фридрих Мерц се кандидирааза лидерската функција во ЦДУ уште на почетокот на годинава, но тогаш загубија од Лашет. За Мерц е ова трет обид за седне на шефовската фотелја во партијата. По повлекувањето на Ангела Меркел од шефовската позиција во ЦДУ во 2018 година, Мерц загуби од Анегрет Крамп-Каренбауер.