Чешкиот претседател Земан не е способен да ја извршува функцијата | Европа | DW | 19.10.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Европа

Чешкиот претседател Земан не е способен да ја извршува функцијата

Чешкиот претседател Милош Земан, според мислењето на лекарите, во моментов не е во состојба да ги извршува своите професионални должности.

Tschechien Präsident Miloš Zeman |

Милош Земан по излегување од болница на 23 септември, каде повторно беше префрлен по само околу три недели

Претседателот Земан не е во состојба да ја извршува должноста поради здравствени проблеми, соопшти претседателот на Сенатот, Милош Вустрчил, повикувајќи се притоа на соопштение на болницата во Прага во која се лекува Земан веќе две недели. Долгорочната прогноза, како што се вели, е „исклучително несигурна“. Вустрчил тврди дека е „неверојатно“ оти 77-годишниот Земан би можел да почне со работа во наредните недели.

Претседателот на Чешка е сместен на одделението за интензивна нега во Централната воена болница во Прага. Досега има малку информации за неговата здравствена состојба. Според чешки медиумски извештаи, Земан има проблеми со црниот дроб. За дијагнозата не дадоа информации ниту Вустрчил ниту болницата.

Tschechien Präsident Miloš Zeman | Milos Vystrcil

Вустрчил тврди дека е „неверојатно“ оти 77-годишниот Земан би можел да почне со работа во наредните недели

Отсуството на Земан го блокира составувањето влада

Претседателот во Чешка има главно церемонијална функција. Сепак, престојот на Земан во болница доаѓа во момент кој политички е мошне чувствителен. Неговото отсуство го блокира составувањето нова влада. Според чешкиот Устав, мандатот за составување влада го дава шефот на државата. 

Сега парламентот би требало да одлучи дали ќе се искористи можноста предвидена со Уставот за пренос на задачите на Претседателот на друг претставник на државата. Претседателот може и привремено, со просто мнозинство, да биде ослободен од должностите.

Повеќе:

Крај на институционализираните измами во Чешка

Избори во Чешка: Кампања а ла Орбан и офшор бизниси на Бабиш

Земан беше однесен во болница на 10 октомври, еден ден по парламентарните избори, на кои либдерално-конзервативната опозиција освои јасно мнозинство од 108 од вкупно 200 пратенички места во чешкиот парламент. Премиерот Андреј Бабиш загуби на изборите, иако неговатта популистичка партија АНО поединечно има најмногу пратенички места.

Претседателот Земан пред изборите најави дека мандатот за влада ќе го добие партијата која освоила најмногу места во парламентот, значи повторно АНО. Но, Бабиш во меѓувреме сигнализираше дека не сака да прифати мандат за составување влада.