Чешка нуклеарна централа бираше апликантки во бикини | Панорама | DW | 26.06.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Чешка нуклеарна централа бираше апликантки во бикини

Чешка нуклеарна централа одлучи дека најдобар начин да ги одбере своите идни вработени е преку избор во бикини. Од корисниците на Фејсбук се бараше да ги оценат најдобрите кандидатки. Настанот предизвика голем скандал

Чешкиот оператор ЧЕЗ мораше да се извинува откако минатата недела ги бираше своите идни вработени преку фото сесија во бикини. 10 кандидатки за вработување позираа во една од кулите на нуклеарката во Темелин, која привремено беше затворена. Потоа, компанијата побара од нејзините следбеници на Фејсбук да ги рангираат нивните фаворити, а онаа со најмногу гласови доби 14 дневна пракса во централата.
Во соопштение за медиумите, ЧЕЗ го спореди фотографирањето со претходните програми за културно збогатување, како гостувањето на Филхармонијата во нуклеарната централа во јужна Бохемија. Во соопштението се вели дека девојките уживале во искуството. Од нив било побарано да носат и заштитни капи и затворени чевли.
Локалната ТВ станица Јихочешке објави и репортажа од настанот, покажувајќи ги девојките за време на фотосесијата во нуклеарната централа на западот на Чешка. 


Но, настанот предизвика жестоки реакции во останатите медиуми во Чешка и на социјалните медиуми.
„Ова натпреварување е целосно надвор од било каква етика. Во 2017, сметам дека е неверојатно некој да добива професионална предност поради тоа што изгледа добро“, изјави Петра Хавликова, адвокат за заштита на човековите права.
„Соблечи се и добиј пракса- ова не може да биде сериозно, туку деградирачки, одвратно и примитивно“, напиша еден корисник на интернет.
„Знаењето очигледно не значи ништо“, коментираше друг.
Компанијата ЧЕЗ подоцна се извини за скандалот и соопшти дека им понудила пракса на сите девојки кои се пријавиле на конкурсот.
 

DW.COM

Реклама