1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Четвртфиналето на нишан на македонските кошаркари

6 септември 2011

Македонија со четири победи и само еден пораз, како првопласирана во групата „Ц“ ги продолжува натпреварите во следната фаза на кошаркарското Европско првенство што се одржува во Литванија.

https://p.dw.com/p/12TbR
Фотографија: MAKFAX

Во новоформираната осминафинална група во која натпреварите ќе се играат во главниот град на Литванија, Виљнус, Македонија и Русија ќе стартуваат со по 4 бодови, Словенија и Грција по 3, а Грузија и Финска по 2.

Првиот натпревар Македонија против Грузија го игра во четврток на 8 септември во 14:30 часот. Потоа следува  дуелот со Словенија во сабота  на 10 септември во 17 часот а против Русија македонските кошаркари играат во понеделник на 12 септември  во 20 часот.

Според плејмајкерот и играч со најголема минутажа во македонската репрезентација Владо Илиевски по синоќешната победа против Босна и Херцеговина и четвртфиналето е лесно достижно.

Vojdan Stojanovski
Војдан Стојановски (на сликата во пријателкиот меч со Германија), одигра одлична одбрана против БиХФотографија: picture-alliance/dpa

„Голема победа за Македонија, за нас кои со 4 бодови ќе продолжиме во следната фаза. Во најважните моменти покажавме карактер и ја заслуживме победата и првото место. Словенија и Русија се одлични екипи, но со една победа можно е да бидеме и во четвртфиналето“, изјави Илиевски.

Одбраната- клуч за успехот

Македонија синоќа во Алитус ја совлада Босна и Херцеговина со 75:63 во последното 5.коло од групата„Ц“. Серијата од 14:0 на почетокот на второто полувреме беше клучна за победата на „црвено-жолтите“. Најпрецизен во нашиот состав беше Лестер Бо Мек Кејлеб со 22 поена, додека капитенот Перо Антиќ повторно имаше „дабл - дабл“ учинок со 15 поени и 14 скокови. Двоцифрен скор на реализација - 13 поени имаше и Тодор Гечевски.

Македонскиот селектор Марин Докузовски на прес-конференцијата по натпреварот заслугата и за овој триумф ја препиша на дефанзивата.

„ Одигравме многу важен натпревар, не беше лесно за двата тима кои претходно имаа одиграно неколку тешки натпревари. Одигравме многу добра одбрана и на овој натпревар и успеавме да ги запреме Хенри Домеркант и Мирза Телетовиќ со што си го олеснивме патот до четвртата победа во групата", истакна Докузовски.

EuroBasket 2011 Deutschland vs Italien
Новицки и Германија пред тешка задачаФотографија: dapd

Германија најнапред со фаворитот Шпанија

Во втората осминафинална група, чии натпревари истотака ќе се играат во Виљнус,  Франција влегува со најдобар скор од 4 бодови, додека Србија, Литванија, Шпанија, Турција по 3, а Германија 2.

Германците предводени од НБА- суперѕвездата Дирк Новицки во последниот натпревар од групата Б тесно ја совладаа Летонија со 81:80. Тие ќе имаат исклучително тешка задача за пласман во четвртфиналето. Одисејата започнува утре со мечот против можеби најголемиот фаворит на Евробаскетот, Шпанија а потоа следуваат натпреварите со силниот домаќин Литванија и со Турција. 

Автор:СН/ЖА/миа/дпа

Редактор: Жана Ацеска

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема