Чекор кон ЕУ, но без автоматизам | Балкан | DW | 21.07.2011
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Балкан

Чекор кон ЕУ, но без автоматизам

Патот на Белград кон Брисел, по апсењето на Горан Хаџиќ стана пократок, но и натаму е тежок, смета во својот коментар Верица Спасовска.

default

Ратко Младиќ и Радован Караџиќ наскоро ќе добијат друштво во затворот во Ден Хаг. Ним ќе им се придружи последниот хашки бегалец од Србија, обвинет за воени злосторства за време на војната во Хрватска, Горан Хаџиќ. Со тоа српскиот претседтел Борис Тадиќ го реализираше она што го најави кратко по апсењето на Младиќ, пред речиси два месеца. Владата во Белград го одржа зборот и со тоа ги исполни важните предуслови на ЕУ за почекот на пристапните преговири.

Критичарите, како и при апсењето на Младиќ, во тоа може да видат целна стратегија: трговска размена за да се забрза приближвањето кон ЕУ. Освен тоа, главниот обвинител на Хашкиот трибунал, Серж Брамерц, го засили притисокот врз Белград во последните месеци, за да ја интензивира потрагата по осомничените воени злосторници. Позади таа теорија стои и сомневањето дека српската влада, всушност, цело време знаела каде се криеле обвинетите за воени злосторства, за да ги презентира тогаш, кога од нив може да извлече политички капитал.

Spasovska_Verica.jpg

Верица Спасовска

Оној кој така аргументира не смее да превиди дека претседателот Борис Тадиќ е првиот српски претседател кој повеќепати манифестираше гестови на помирување со соседите: последниот минатата година, кога во српскиот парламент иницираше декларација за Сребреница, со која беа осудени злосторствата врз босанските муслимани од 1995 година. Тадиќ се залага за помирувањето со соседите повеќе од кој и да е од неговите претходници. Апсењето на Горан Хаџиќ ќе биде дополнителна поддршка на тој процес на помирување, затоа што ќе овозможи индивиуално процесуирање на вината за воените години и на тој начин ќе се нивелираат обвинувањата за колективна вина.

Разбирливо е и задоволството кое владее во Хрватска, бидејќи еден од главните сторители сега мора да одговора пред суд. За семејствата на жртвите од војната во Хрватска сега пости и надеж дека конечно ќе дознаат повеќе за судбината на исчезнатите, кога команда над операциите имаше Хаџиќ.

Речиси да нема сомнеж дека апсењето на Горан Хаџиќ ќе ја зајакне позицијата на српскиот претседател Борис Тадиќ пред парламентарните избори идната година. Впрочем, граѓаните ќе го поздрават секој чекор на Србија во правец на ЕУ. Меѓутоа, Србија не може да биде сосема сигурна дека патот за пристапни преговори е отворен. Треба да се елиминираат дефицитите во другите клучни области. Меѓу нив спаѓаат борбата против корупцијата и криминалот, како и јакнење на парламентот, кој треба да ги контролира тајните служби. Србија и на тие полиња мора да покаже значителен напредок во наредните месеци. Конечно решавањето на косовското прашање останува најголемиот предизвик, пред кој стои Белград на патот кон ЕУ. Тој пат на Србија стана пократок, но и натаму е трнлив.

Автор: Верица Спасовска

Превод: Александра Трајковска

Редактор: Трајче Тосев