„Чекањето на визата за Германија е најтешко“ | Северна Македонија | DW | 03.10.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

„Чекањето на визата за Германија е најтешко“

Ѓорги Бојчов по повеќе од една година аплицирање, термини и расправање со документи, конечно ја има визата за работа во Германија. Досега бил двапати во Германија, како студент, но сега заминува со цел да остане.

Понудата за работа во фабриката Textilpflege Narres GmbH  во Келн била доволен повод за дваесет и петгодишниот Ѓорги Бојчов од Штип да го прифати работното место во Германија и да го започне процесот за аплицирање за виза. Со договорот за работа и со другите потребни документи, Ѓорги ја започнал постапката за добивање виза за долгорочен престој во Германија. Не знаел дали целата постапка ќе трае долго, или пак со визата в раце веднаш ќе може да ја напушти земјата и да си го оствари сонот во Германија, но сепак се одлучил на тој чекор, паралелно не запоставувајќи ги ниту своите обврски во татковината.

Ѓорги вели дека слушнал најразлични искуства од своите познаници за текот на аплицирањето, но ни го раскажа своето искуство од процесот, кој траел повеќе од една година.

Гледај видео 02:28

„Чекањето на визата за Германија е најтешко“

Најтешки биле последните два месеца, кога веќе ги поднел документите во Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје и секој ден бил во очекување на СМС-порака дека треба да дојде во амбасадата за да го остави својот пасош:

„Од денот кога ги поднесов документите во амбасадата, оттогаш секој ден очекував дека ќе добијам резултат да одам во амбасадата за да ја добијам мојата виза. Целото време бев со очекување, со надеж дека ќе биде подобро, дека ќе ја добијам таа долго очекувана виза.“

Nord-Mazedonien Stip Gorgi Bojcov (DW/M. Sevrieva)

Ѓорги Бојчов со долгоочекуваната виза в раце

Пасошот со визата во него сега му ги отвора вратите за заминување, но и за останување во Германија, како што се надева.

Како студент на Факултетот за туризам и бизнис-логистика Ѓорги веќе двапати престојувал во Германија. Иако овојпат е решен да остане, сепак ќе му недостасуваат многу работи: 

„Најмногу ќе ми недостасуваат моите родители, мојата сестра, пријателите, добрите дружби, ноќниот живот.“

 

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама