1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Цунами на Соломонски острови

2 април 2007
https://p.dw.com/p/AgHk

На Соломонските острови во Пафицикот два силни земјотреси предизвикаа цунами бранови.Според различни извори загинале меѓу 10 и 20 луѓе,додека повеќе се водат за исчезнати.Службата за природни катастрофи соопшти дека земјотресите биле со јачина од 8 и од 6,7 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот на земјотресите се наоѓа на длабочина од 10 километри на околу 350 километри северозападно од Хониара,главниот град на Соломонските острови.

Повеќе села се поплавени,а многу куќи уништени.Целосните последици на природната катастрофа не се познати,бидејќи телефонските врски со погодениот регион се во прекин.