Црни времиња за продавниците | Економија | DW | 11.12.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Црни времиња за продавниците

Божик е време кога трговците тријат раце. Тогаш профитираат сите, па сепак „големите риби ги јадат помалите“, Некаде со катастрофални последици по трговијата на мало.

Пред Божик се троши наголемо. Расположението на потрошувачите во Германија е фантастично. Трговијата на мало оваа година очекува рекорден обрт од околу 94,5 милијарди евра. Но, не сите трговци профитираат од тоа. Божик предизвикува поделби, а на губитничката страна има натпросечно многу мали трговци.

„Јазот меѓу големите и малите се продлабочува сѐ повеќе“, се жали претседателот на Германскиот сојуз на трговија (ХДЕ), Јозеф Занктјоханзер. Во браншата генерално преовладува оптимизам, но последната анкета направена меѓу ситните трговци, со помалку од петмина вработени, покажува дека само секој четврти очекува во втората половина од годината да оствари плус во обртот.

Deutschland Verkaufsoffener Sonntag in Köln (picture-alliance/R. Goldmann)

Преполни центри, но...

Во трговијата одамна се има создадено т.н. трокласно општество. Има големи онлајн-играчи, како Амазон и Заландо, кои благодарение на онлајн-бумот и натаму бележат голем обрт. Има и големи трговци на мало како Х&М или Медија Маркт, кои и покрај големите трошоци, се качија на возот на Е-комерцијата и ги поврзаа онлајн-шопингот и класичните продавници во една понуда. И, тука се и многуте мали трговци кои не можат да држат чекор со тоа.

Тоа е особено видливо во предбожиќниот период. Зашто, Божик е како создаден за онлајн-трговија. Според актуелната студија на Друштвото за истражување на потрошувачката (ГфК) и годинава под елките, покрај ваучерите, ќе лежат пред сѐ играчки, облека и книги. А, тоа без исклучок се производи кои и онака натпросечно често се купуваат онлајн. Значи, не е чудо што речиси една четвртина од годишниот обрт онлајн-трговијата го прави во ноември и декември. За споредба: во продавниците во овие два месеца се прави помалку од една петтина од годишниот обрт.

Frau surft im Netz (Amazon) (picture-alliance/dpa)

Нема атмосфера, но онлајн-нарачувањето е покомотно, велат потрошувачите

Онлајн-понудата станува сѐ поатрактивна благодарение на побрзата достава и сѐ поголемиот избор на производи, објаснува експертот за трговија Томас Тојбер од консултантската фирма Асенчр. Затоа, и на крајот на овој предбожиќен период ќе има многу разочарани лица кај трговците кои работат со продавници, а не онлајн.

Рака на срце, едно истражување на консултантската фирма EY покажува дека германските граѓани порадо сакаат да ги купуваат божиќните подароци во продавница, отколку на интернет и ја ценат атмосферата на божиќните панаѓури, но тоа очигледно не ги спречува сѐ почесто да купуваат онлајн, поради огромните турканици во центрите на градовите.

UK Paketbote liefert Amazon-Pakete aus (imago/STPP)

Онлајн-гигантите стравуваат дали сите пакети ќе стигнат до купувачите навреме

Повеќе од половината испитаници во анкетата на ГфК навеле дека годинава ќе купат барем еден подарок преку интернет.

И додека малите трговци се загрижени за својот бизнис, онлајн-трговците имаат сосема поинакви грижи. Поради зголемената онлајн-трговија и рекордниот број пакети, секој втор онлајн-трговец стравува дека се можни поголеми проблеми при навременото доставување на пакетите до купувачите отколку што тоа беше случај во минатото.

Реклама