Црна Гора: Дипломатските претставништва во земјата се безбедни | Свет | DW | 22.02.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Црна Гора: Дипломатските претставништва во земјата се безбедни

Непознат напаѓач фрли две рачни бомби врз амбасадата на САД во Подгорица. Напаѓачот за кој медиумите тврдат дека е поранешен припадник на армијата на Сојузна Република Југославија загина при нападот. Мотивот е непознат.

Црногорската влада денеска најостро го осуди нападот врз амбасадата на САД во Подгорица и изрази жалење со порака дека синоќешниот инцидент не може да го влоши „високиот степен на безбедност и сигурност“ на дипломатските претставништва и целокупната безбедност во Црна Гора.
„Министерството за внатрешни работи и Владата на Црна Гора најостро го осудуваат нападот врз амбасадата на САД  и изразува жалење поради овој настан. Сите надлежни државни органи преземаат мерки и се во соработка со цел да се расветли овој случај и да обезбедат целосна сигурност и безбедност на службениците во американската амбасада“, соопшти по посетата на амбасадата на САД министерот за внатрешни работи Мелвудин Нухоџиќ.

Црногорски официјални лица, за време на посетата на амбасадата и во други контакати со претставници на САД, изразија солидарност по повод нападот и пренесоа „цврст став оти овој настан нема и не може да го влоши високиот степен на сигурност и безбедност на дипломатските претставништва и целата безбедносна ситуација во Црна Гора“.

Полицијата сѐ уште не го објави идентитетот на напаѓачот кој синоќа фрли бомба врз амбасадата и потоа изврши самоубиство со бомба, а медиумите, повикувајќи се на полициски извори, јавуваат дека станува збор за поранешен припадник на војската на некогашна Сојузна Република Југославија, Далибор Јауковиќ (43).

Според наводите на подгоричкиот весник „Вјести“ Јауковиќ е роден во Краљево, а живеел во Подгорица.

„Дневник“ ја пренесе повелбата за одликување од фејсбук профилот на Јауковќ, кој е награден „за исклучително залагање во извршување на должноста и во извршување на задачите во одбрана и безбедност на татковината“ од 1999 година, по бомбардирањето на НАТО на некогашна Сојузна Република Југославија.

Во повелбата се наведува оти војникот Јауковиќ е одликуван во јуни 1999 година, и дека го одликувал тогашниот претседател на СРЈ Слободан Милошевиќ.

Црногорската полиција претходно денеска соопшти оти интензивно работи на идентификација на лицето кое ноќеска фрли бомба врз седиштето на американската амбасада во Подгорица и потоа изврши самоубиство.

Според еден очевидец нешто пред полноќ се слушнале две експлозии во близина на спортскиот терен кај амбасадата на САД во црногорскиот главен град Подгорица. Сведокот за новинската агенција Франс Прес изјави дека полицијата брзо дошла на лице место и го отстранила безживотното течл на напаѓачот.

Црногорската полиција наведе дека експлозиите веројатно биле предизвикани од рачни бомби- таканаречени кашикари.  Се наведува дека тој најнапред фрлил бомба во дворот на амбасадата, и оти потоа извршил самоубиство. Во нападот, немало други повредени или загинати лица. 

Се огласи и американската амбасада, која во соопштение наведе дека нападот се случил околу полноќ и оти службениците на амбасадата соработуваат со полицијата на идентификување на напаѓачот.

Потсекретарот на Стејт департментот Стив Голдстин изјави дека очевидци го виделе човекот како фрла објект преку ѕидот на амбасадата, пренесува американскиот весник Њујорк Тајмс. Голдстин додаде дека безбедносните претставници на амбасадата го пребарале терено и оти не се пронајдени други експлозивни направи. Според него, зградата на амбасадата не била оштетена во нападот.

Montenegro Podgorica - US Botschaft (Wikipedia/U.S. Embassy Podgorica)

Амбасадата на САД во Подгорица

И тој, како што рече, нема информации за мотивот на напаѓачот, ниту за тоа дали станува збор за намерен самоубиствен напад. Американската амбасада на својата интернет страница ги предупреди државјаните на САД да го избегнуваат подрачјето околу зградата на амбасадата.

Читајте не и преку апликацијата на ДВ за андроид

WWW-линкови

Реклама