Црна Гора: бегство од корупцијата и непотизмот | Свет | DW | 19.10.2015
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Црна Гора: бегство од корупцијата и непотизмот

Приврзаниците на опозицијата во Црна Гора и синоќа демонстрираа во Подгорица против владата на Мило Ѓукановиќ. Претходно насилно беше расчистен нивниот протестен камп. ДВ ги бара причините за незадоволството во земјата.

Владан Шчепановиќ со стотици колеги, поранешни работници во Железарата во Никшиќ веќе со недели е пред зградата на парламентот и протестира против црногорската влада. Демонстрантите бараат одговорност за осиромашувањето на земјата, изборните измами, корупцијата и непотизмот кои му ги припишуваат на премиерот Мило Ѓукановиќ.

Целото видео погледнете го тука:

#videobig#

Се додека е оваа влада на власт, Црна Гора не може да биде демократска држава. Доколку тоа не се промени, јас и моето семејство ќе мораме да заминеме“, вели Шчепановиќ.

Трн во око на демонстрантите им е Мило Ѓукановиќ. Како премиер, претседател и бизнисмен, тој управува со оваа мала балканска држава од 1991 година. Во меѓувреме, тој и неговиот клан се мултимилионери. Поради тоа многу граѓани не ја гледаат својата иднина во Црна Гора.

„Во Црна Гора не се работи само за економска, туку и за морална криза. По 1990 година, со распадот на Југославија, на власт дојде оваа влада и сѐ се распадна“, вели Шчепановиќ.

Владан сака да ни го покаже она за што говори. Не води до своето поранешно работно место во никшиќката Железара. Тука некогаш работеле 7 илјади работници. Со посредство на кланот на Ѓукановиќ, Железарата е продадена под нејзината вистинска вредност. Притоа, наводно во џебовите на семејството Ѓукановиќ завршиле милиони евра.
Сега поранешните работници во Железарата можат само да сведочат за пропаста на нивната фабрика. Исчезна цел еден индустриски регион.

За шефицата на организацијата за борба против корупција, продажбата на Железарата е само еден пример за матните бизниси на владата. Но, мал е бројот на оние кои се осмелуваат да преземат нешто против тоа.

„Доколку не ја поддржуваш владејачката партија и доколку си против корупцијата и организираниот криминал, вршат притисок врз тебе и те напаѓаат“, вели Вања Чаловиќ, од антикорупциската организација МАНС.

Што тоа конкретно значи, Вања Чаловиќ почувствува на сопствената кожа откако откри измами на парламентарните избори. Весник близок до владата покрена кампања во која со компромитирачки фотографии се нарушуваше нејзината веродостојност.

„МИслам дека тоа е најдобриот доказ дека во владата навистина имаме корумпирани структури и дека организираното насилство е поврзано со владата“.

Поради тоа сѐ поголем број Црногорци бараат подобар живот во Германија. Таму бараат азил за да побегнат од корупцијата. Владата тоа го демантира.

„Немам никакви информации дека корупцијата или било кои други криминални активности тука во Црна Гора се причина за барање азил во Германија. Се плашам дека оние, кои во моментов поднесуваат барања за азил, се сиромашни, неинформирани и слабо образовани“, вели Сандра Бугарин од црногорското министерство за внатрешни работи.

Овие зборови за Владан Шчепановиќ звучат како исмејување. Овој квалификуван работни само сака шанса за чесно работно место, без плаќање мито или репресија. Ако не во Црна Гора, тогаш во Германија.

Реклама