1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Црвенковски на разговори со генералниот секретар на НАТО

5 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/Bmvi

Македонскиот претседател, Бранко Црвенковски, во Брисел разговораше со генералниот секретар на НАТО, Јап Де Хоп Шефер. Шефер порачал дека земјите кои сакаат да станат членки на алијансата треба да покажат зрела политичка култура. Тој нагласил дека инциденти како минатонеделниот во македонскиот парламент, не смеат да се повторат. Црвенковски од своја страна дал уверување дека парламентарната анкетна комисија ќе го расветли случајот за една недела. Македонија очекува покана за влез во алијансата на наредниот самит на проширување, во април 2008 година. Комитетот за интеграција на Македонија во алијансата, вчера во Скопје, донесе заклучок дека преземените обврски на земјата за интегрирање во НАТО се одвиваат согласно предвидената динамика, дури и побрзо од неја. По завршувањето на седницата на Комитетот, портпаролот на владата Ивица Боцевски вчеравечер изјави дека владата нема информација за нова опција од Брисел, според која Македонија ќе добие покана за членство во НАТО, но за полноправно членство во алијансата ќе чека до 2010 година.