Ципрас разочаран по тешкиот пораз на Сириза | Свет | DW | 27.05.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Ципрас разочаран по тешкиот пораз на Сириза

Грчкиот премиер е принуден да свика предвремени парламентарни избори откако неговата Сириза доживеа тежок пораз на европските и регионалните избори кои се одржаа во неговата земја. Мицотакис бара итна оставка

Алексис Ципрас ќе мора да најде начин да ја извлече својата партија од бездна откако во неделата доживеа пораз од девет процентни поени од опозициската Нова Демократија на изборите за Европскиот парламент.

„По вториот круг на локалните изборите (на 2 јуни) ќе побарам од претседателот веднаш да свика национални избори“, видливо разочараниот Ципрас изјави во ТВ обраќање.

„Нема да бегам ниту да се откажам од борбата за еднаквост, солидарност, социјална правда“, рече Ципрас.
Најверојатниот датум за предвремените избори е 30 јуни, прогнозираат медиумите во земјата.

На европските избори, Сириза освои околу 24 отсто од гласовите, наспроти 33 проценти на Нова Демократија.

На локалните избори, првичните резултати покажуваат дека опозициската партија на Кирјакос Мицотакис освоила најголем дел од 13 региони во земјата.

„Грција испрати силна порака... народот повеќе не им ја дава довербата“, изјави Мицотакис.
Кандидатите на Нова Демократија водат и во трката за градоначалници на Атина и Солун, каде ќе биде потребен втор круг.

 

DW.COM

Реклама