Ципрас: Крај на грчката „Одисеја“ | Економија | DW | 21.08.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Ципрас: Крај на грчката „Одисеја“

„Нов ден се раѓа“ за Грција со крајот на третиот пакет за спас од 2010 година и меѓународно диктираните мерки за штедење, изјави денеска грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Алудирајќи во повеќе наврати на грчката митологија, Ципрас од Итака ја опиша кризата како „модерна Одисеја“. „Нашата земја си го врати правото да го дефинира својот правец“, порача грчкиот премиер, во говорот кој беше пренесуван на телевизија, од Итака, островот во Јонското Море од каде потекнувал и античкиот херој Одисеј.

Од финансискиот крах во 2010 година до денес, Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд ја спасуваа Грција од банкрот со кредити во вредност од 289 милијарди евра.

Повеќе за историјатот на кризата погледнете во нашата фотогалерија: 

DW.COM

Реклама