ЦЕРН: Првите 60 години | Панорама | DW | 01.10.2014
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

ЦЕРН: Првите 60 години

Дали некогаш сте посакале во разговор да се пофалите со знаењето за елементарните честички? По повод 60-от роденден на Европската организација за нуклеарни истражувања, Ви пренесуваме прочуени цитати на научниците

Европската организација за нуклеарни истражувања (ЦЕРН) е еден од најголемите и најпознати светски центри за истражување на елементараните честички, а денеска (01.10) го слави својот 60. роденден. Научниците во тамошниот Голем хадронски колизионер (ЛХЦ), со обем од 27 километри, го произведоа најголемиот и најсилниот забрзувач на честички на светот, во кој се создаваат најситните честички било кога забележани.

Целта е да се утврди од што се состојат материјата и антиматеријата, но и да се објасни поврзаноста на внатрешната сила на честичките. Па така, на 13 март беше докажано постоењето на долго истражуваниот Хогзов бозон- важен елемент на физичкиот Стандарден модел.

Во продолжение неколку славни цитати на експертите за елементарни честички кои биле дел од истражувачкиот тим.

CERN Generaldirektor Rolf-Dieter Heuer

Директорот на ЦЕРН, Ролф-Дитер Хојер

„Откривме една честичка, една целосно нова честичка, која многу веројатно, многу се разликува од сите други честички. Нешто такво, би рекол, се доживува само еднаш“.- Ролф Дитер Хојер, генерален директор на ЦЕРН за Хигсовиот бозон, кој уште се нарекува и „божествена честичка“, бидејќи без неа честичките не би можеле да се држат заедно и без која не би постоела ни материјата.

„Доста сум изненаден дека дочекав ова да го доживеам. Убаво е понекогаш да се биде во право“,- Петарг Хигс, кој теоретски го пресмета можното постоење на Хигсовиот бозон, по објавувањето на резултатите од експериментот АТЛАС.

Peter Higgs CERN

Питер Хигс

„Постојат уште многу отворени прашања на кои мора да се дадат одговори. Ги имаме сите можни идеи, но конечниот одговор може да уследи само низ експерименти. Одредени експерименти кои би можеле да дадат одговор се спроведуваат во Големиот хадронски колизионер. Тоа го прави ова откритие толку возбудливо. Добиваме сознанија надвор од Стандардниот модел, на прашања кои отсекогаш сме ги имале“- Иберт Кроа, Институт за физика Макс Плант, Минхен.

„Секој ден носи нови предизвици за новите колеги. Постојано се запознаваат нови луѓе од универзитети ширум светот. Тие доаѓаат со нови идеи и детектори- а ние се обидуваме да ги интегрираме во постојните системи“- Даниел Добос, физичар кој работи на експериментот АТЛАС во рамките на ЦЕРН за претворање на елементарните честички во детектори.

CERN: Physiker Daniel Dobos

Даниел Добос

„Големиот хадронски колизионер ги забрзува протоните и јоните на оловото, а нештата кои ги пронаоѓа ќе ве погодат во глава“- американската новинарка Кетрин Мекелпин, која долги години се занимава со научни теми во својата рап- песна „Large Hadron Rap“.

Реклама