Централи со вградени уши - исклучок или практика? | Северна Македонија | DW | 03.12.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Централи со вградени уши - исклучок или практика?

Набавката на Министерството за животна средина на телефонска централа со можност за снимање на разговорите, договорена минатиот месец, индицира дека практиката не е стара, ниту ендемска. Колку институции се „инфицирани“?

Дали само обвинителите во Јавното обвинителство биле таргет на прислушување преку телефонска централа која имала можностда ги снима и складира нивните разговори реализирани преку фиксната телефонија? Според извори упатени во постапките за набавки на овој вид услуги, не е исклучено многу институции да се дел од истата практика, имајќи предвид дека посочените спорни услуги вообичено се „регуларен“ дел од понудите. Тоа го покажува и договорот што Министерството за животна средина и просторно планирање го случило со „Телеком“ на 6-ти ноември годинава. Токму во време кога се одвивала предистрагата за снимените разговорите во Јавното Обвинителството, (случај кој јавно беше обелоденет минатиот петок), Министерството за животна средина потпишало договор со „Телеком“ за набавка на хибридна телефонска централа во висина од 1.770.000 денари (28.780 евра), што било најниска понуда. Потписници на договорот за набавка се министерот Садула Дураку и претставници на „Телеком“.

Повеќе: Обвинителството било прислушувано со години

Сите опции вклучени!

Во понудата на „Телеком“, која е наведена во документацијата, пишува дека во телефонската централа ќе биде инсталиран софтвер за снимање, преслушување и зачувување на повиците, со понудени повеќе варијанти.

 „Со испорака на телефонската централа ќе биде инсталиран софтвер за снимање и преслушување на повиците со следните карактеристики: редундантен систем за разговори, односно вграден тврд диск во телефонската централа за складирање на податоци од снимените разговори и автоматско зачувување на снимените разговори на надворешен хард диск со: одбирање на различни критериуми за снимање (само дојдовни повици, само појдовни повици или сите) снимање само на одредени линии, снимање само на одредени локали); можност за известување дека повикот се снима; пребарување на снимените повици според различни критериуми: датум и време, времетраење на разговор, број на локал, тип на повик (дојдовен, појдовен, интерен, транзит) текст (име на фајл и негова содржина) повикан број“, пишува во документацијата.

Овие критериуми му даваат широка можност на нарачателот за увид во разговори - и на сите, и селективно, но и можност да добива текстуална презентација на целата содржина на разговорите, што значи и ангажман на лица за репродукција на бараните содржини. Се разбира, сето ова може да добие „побенигна“ смисла, единствено, ако нарачателот и корисник на централата ја вклучи можноста за известување дека „повикот се снима“. 

Раководството решава што ќе употреби

Во колку централи ваквата можност била исклучена како опција? Премиерот Заев одговарајќи на новинарски прашања вчера изјави дека истрагата ќе покаже дали имало злоупотреба.

„Раководното лице во самата институција одлучува што од тоа ќе се употребува. Самиот претседател на суд, шеф на обвинителство, министер, премиер или кој било, одлучува што тоа употребува или не. Начинот на донесувањето на одлуката дека тоа се употребува, односно се става на снимање, е кривично дело, и вториот дел - начинот на користење на тоа е уште поголема злоупотреба. Истрагата треба да покаже навистина каде соодветното раководно лице дало наредба да се употреби, односно да се вгради и вториот дел каде што е тоа употребувано“, рече премиерот.

Истото треба да се утврди и во однос на телефонската централа набавена преку Министерството за правда за потребите на Кривичниот суд во 2016 година. Министерката за правда Рената Дескоска изјави дека „сите документи кои се во рамките на Министерството за правда ќе бидат доставени до надлежните органи и согласно од истражната постапка ќе се види кај кого ќе треба да се бара одговорност“.

NATO Gipfel in Brüssel Zoran Zaev Premierminister Mazedoniens (Getty Images/AFP/T. Zenkovich)

Премиерот Заев вели дека истрагата ќе покаже дали имало злоупотреба

Но, она што создава забуна во јавноста е зошто толку бавно се одвива предистражна постапка, ако постои документација во ЈО кога е набавена опремата, од каде, кој ја монтирал, и дали во документацијата е побарана и понудена опцијата да се снима? Одговорите доаѓаат бавно, особено ако се има предвид дека премиерот Заев соопшти оти „за случајот во ЈО бил запознаен во моментот кога бил информиран министерот за внатрешни работи, и дека истрага започнала пролетта“.

Повеќе: Стравот од „големото уво“ сѐ уште трае

Второ, зошто и по откривањето на скандалот продолжило снимањето на разговорите во ЈО: дали со цел да подолг период да се следи кој се ги (зло)употребува тие снимени разговори? Трето, како во такви услови е превенирана можноста обвинителите да не бидат двојни жртви, еднаш на непознат сторител, а вторпат на мерките на истрагата?

Неместо одговори, стигнаа ветувања за истраги во сите институции.

„Има сериозна истрага, во сите институции. До детали ќе се провери која била намената на оваа инсталација од минатото, дали и кој ги слушал разговорите во правосудството. Ќе се открие кој ја нарачал опремата, кој ја купил, кој ја инсталирал и кој ја користел - и секој кој што ги пречекорил овластувањата ќе одговара пред правдата! И ова ќе важи за секоја институција. Следува темелна проверка во секоја институција. Времето на снимање и прислушување заврши. Остатоците од режимот на Груевски ќе бидат отстранети од сите пори на институциите. За овој скандал ќе има одговорност“, најави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Примерот со набавката во ресорот животна средина, открива дека од пролетта до денес сѐ уште не се почнати проверките во другите институции, па сега останува извесно единствено она што го откри премиерот: дека тие централи „некаде биле ставени во употреба, некаде не“.

DW.COM

Поврзана содржина

Реклама