Цената на корона-вакцина – 5 до 15 евра | Панорама | DW | 22.09.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Цената на корона-вакцина – 5 до 15 евра

Корона-вакцините, според Европското здружение на фармацевти, би можеле да чинат меѓу 5 и 15 евра за доза, но точната сума уште не е утврдена. За земјите во развој би важеле редуцирани цени.

Сју Миделтон, претседателка на Европскиот сојуз за имунизација, која вчера одговараше на прашања во Комисијата за здравство на Европскиот парламент во Брисел, смета дека ова е соодветна цена за доза вакцина. Но, во досегашните преговори, кои се водат зад затворена врата меѓу производителите на вакцини и Европската унија, уште не е договорена фиксна цена.

Заменикот-шеф на фармацевтскиот производител Санофи, Томас Триомф даде уверување дека ќе постојат фер и ниски цени на идните вакцини, посебно за земјите во развој ќе биде утврдена за нив достапна, пониска цена. Но, колку точно ќе чини вакцината за коронавирус, сега уште не е можно да се одреди со поголема точност. Истражувањата уште не се напреднати во толкав степен за да биде познато точното дозирање на средството за имунизација.

Повеќе:

Дали Русија ги манипулирала податоците за вакцината „Спутник”?

Германија: „Веројатни“ се повеќе корона-вакцини

„Успех би бил ако корона-вакцината барем го ублажи текот на болеста“

ЕУ планира првична вакцинација од коронавирус на 40% од населението

Европската комисија склучи рамковни договори со производителите Санофи и ГСК, како и со АстраЗенека за лиферување повеќе стотици милиони дози корона-вакцина. Зајклучени се и сондирачките преговори со натамошни производители на потенцијални вакцини. Но, досега за ниедна вакцина не е завршен процесот на тестирање и не е дадена дозвола за примена.

Реклама