ЦДУ со Меркел - ЦДУ по Меркел | Свет | DW | 27.02.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

ЦДУ со Меркел - ЦДУ по Меркел

На конгресот на ЦДУ се дискутираше невообичаено отворено и критички за состојбата во партијата. Дадено е зелено светло за голема коалиција, но во партијата има незадоволство. ЦДУ се подготвува за времето по Ангела Меркел

Ангела Меркел сега е во ситуација во која беа остарениот Конрад Аденауер и подоцна Хелмут Кол на крајот на својот мандат, долгогодишни сојузни канцелари, едниот од 1949. до 1963, а другиот од 1982. до 1998. година. Таа сѐ уште ја води партијата, сѐ уште е незагрозена. Зашто, во ЦДУ не се организира пуч. Но, сите членови на идната влада од нејзината партија, доколку дојде до коалиција со СПД, се помлади, делумно многу помлади од Меркел.Истото важи и за генералниот секретар, значи, партијата се развива.

Речиси пет месеци по сојузните парламентарни избори, Меркел на партискиот конгрес на ЦДУ врбуваше наклоност за ново издание на голема коалиција. На гласањето, таа ја доби поддршката за оваа точка, што значи продолжување по непроменет пат. Но, пораката на делегатите сепак гласеше - „не како досега“!

Меркел не ужива безрезерва поддршка

Еднодневната средба на ЦДУ веќе не беше партиски конгрес на Меркел. Таа, лобирајќи за коалицискиот договор, одржа најдолг говор, објаснуваше и објаснуваше. Напротив, Анагрет Крамп-Каренбауер, четири часа подоцна, одржа пламен говор. Во најдобар манир на генерален секретар на партија во состојба на разнишана самодоверба.

Меркел ги убедуваше илјадата делегати за повторна коалиција со СПД (социјалдемократите треба допрва на референдум на сите партиски членови да се изјаснат за неа). Нејзиното обраќање беше насочено кон нејзината партија, другите партии воопшто не ги спомена, со исклучок на една политичка групација, која Меркел повеќепати во едночасовниот говор ја спомена мислејќи на АфД, десничарските популисти, за кои во изборната кампања не потроши ни еден збор. Таа го потенцираше антисемитизмот кај АфД, како антисемитизам присутен и кај левичарските и кај десничарските екстремисти.

Дискусијата во продолжение, која ги надмина временски предвидените рамки, беше впечатлива. Едноставно, беше пробиена браната на фрустрација и разочарување. Некои од делегатите излегоа на говорница и пред микрофон најавија негативно изјаснување за коалицискиот договор. За ЦДУ и нејзините обично строго организирани партиски конгреси, дебатата која се водеше беше опширна и критичка. Делегатите од говорницата главно ѝ се заблагодаруваа на Меркел за минатите постигнувања, но во однос на партиската програма за работа во иднина, инвестираа доверба во новиот генерален секретар, Анагрет Крамп-Каренбауер. Она од што партиското раководство беше поштедено по изборите во 2017. година, отворен и критички поглед наназад, сега го доби со камата.

Повеќе на темата: 

Што ако членството на СПД рече „не“ за влада на Меркел?

Меркел- жената со челични нерви

Висока цена за четвртиот мандат на Ангела Меркел

Големи аплаузи за заслужните луѓе и за идните надежи

Најсрдечен и најдолготраен не беше аплаузот по говорот на партиската претседателка Меркел, туку по нејзиното оддавање признание на досегашните министри Херман Грее, Томас де Мезие, Волфганг Шојбле, како и при именувањето на Крамп-Каренбауер за генерален секретар. Некои воопшто не ѝ аплаудираа на Меркел.

По неочекувано опширната и критичка дебата, може да се заклучи: партискиот конгрес во Берлин транзициски - по коалиционите преговори, а пред исходот од референдумот кај СПД. Пред Анегрет Крамп-Каренбауер. Сѐ уште со Меркел. Но, на моменти наликуваше на прв партиски конгрес на ЦДУ по Меркел.

Читајте нѐ и преку апликацијата на ДВ за андроид

DW.COM

Реклама