Хуавеи ја тужи американската влада | Економија | DW | 07.03.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Хуавеи ја тужи американската влада

Хуавеи поднесе тужба против САД поради одлуката американските владини институции да не користат опрема од кинескиот концерн.

China Huawei Vorsitzender Guo Ping (Getty Images/AFP/W. Zhao)

Гуо Пинг, ротирачки претседавач на Хуавеи

Тужбата насочена против забраната што американските институции ја имаат за користење на технологија и услуги од Хуавеи е поднесена во сојузниот суд во Плејно, Тексас, соопшти актуелниот претседавач на Хуавеи, Гуо Пинг.

Законот со кој беше забранета Хуавеи-технологијата беше потпишан од американскиот претседател Доналд Трамп минатата година поради безбедносни причини. Таа забрана е „не само противправна, туку и го спречува Хуавеи да има фер-учество во конкурентската трка“, вели Гуо Пинг. Американскиот Конгрес, според него, досега не дал никакви докази кои можат да оправдаат вакви рестрикции. Шефот на правната служба на Хуавеи, Сонг Луоинг, изјави дека законот во САД се заснова „на голем број погрешни, недокажани и непроверени изјави“.

Освен тоа, Гуо Пинг ги обвинува САД дека го хакирале серверот на Хуавеи и дека украле имејлови и кодови. Гуо Пинг не даде подетални инфромации за ваквите обвинувања, но рече дека Вашингтон „прави сѐ за да го наклевети“ концернот.

Набљудувачите оценуваат дека судскиот процес кон кој стреми концернот е само симболичен чекор на Хуавеи. Изгледите за успех не се големи, но Хуавеи сака да даде сигнал против обвинувањата од страна на САД и да демонстрира отпор. На тој начин би требало да се врати довербата во Хуавеи и во други земји.

Повеќе:

САД подигнаа обвинение против Хуавеи

Уапсена финансиската директорка на Хуавеи

САД го обвинуваат концернот дека има врски со кинеската влада и претпоставуваат дека опремата и мобилните телефони од Хуавеи би можеле на шпионите да им бидат влез во информациите кои се државна или деловна тајна. Владата во Вашингтон сака да ги натера и своите сојузници да се откажат од опремата на Хуавеи. Кинескиот концерн ги отфрла ваквите обвинувања.

DW.COM

Реклама