Христијанката од Судан осудена на смрт е ослободена | Свет | DW | 24.07.2014
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Христијанката од Судан осудена на смрт е ослободена

Нејзиниот случај предизвика шокираност во целиот свет: Христијанката, која во Судан беше осудена на смрт поради нејзината вера е ослободена. Таа во меѓувреме го напушти Судан.

Мерием Јаиха Ибрахим Ишаг пристигна во Италија. Со авион на италијанската влада 27 годишната жена слета на аеродромот во Рим. Италијанската телевизија покажа како Ишаг заедно со нејзиното семејство и италијанскиот заменик министер за надворешни работи Лапо Пистели го напушта аеродромот. Младата жена на средината на мај од судот во Картум беше осудена на смрт со бесење, бидејќи според суданското право со тоа што се омажила за христијанин испаднала од исламсакта вера. Дванесет денови подоцна во затвор заврзана во синџири таа се породи и доби ќерка.

Околностите се непознати

Овој случај предизвика шокираност во меѓународни рамки. Политичари и борци за човекови права се заложија за ослободувањето на Ишаг. За околностите под кои таа стигна до Италија нема детали. Властите во Картум не дадоа никакви информации.

Ишаг на крајот на јуни излезе од затвор, откако Апелациониот суд ја укина смртната казна против неа. Сепак еден ден подоцна таа повторно беше приведена на аеродромот во Картум, кога заедно со сопругот и двете деца сакаше да отпатува во САД. Суданските власти ја обвинија за фалсификување на документи, бидејќи Ишаг омажена на американски државјанин со потекло од Јужен Судан сакаше да отпатува со пасош од Јужен Судан. Откако повторно беше ослободена Ишаг побегна во американската амбасада во Картум.

Реклама