Христијани од целиот свет слават Божик во Витлеем | Свет | DW | 25.12.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Христијани од целиот свет слават Божик во Витлеем

Градот со 30 илјади жители се наоѓа во автономниот палестински Западен брег. Традиционално, процесијата од 10 километри оддалечениот Ерусалим во градот води илјадници верници. За Божик се очекуваат 150.000 христијани.

Поклоници од целиот свет пристигнаа во Витлеем, библиски град на Западниот брег. Тие во градот, во кој според христијанското верување се родил Исус, присуствуваат на годинешните Божиќни свечености, и тоа во најголем број по повеќе години.

Стотици локални жители и странски посетители синоќа се собраа на Плоштадот Јасли, пред Црквата на раѓањето, каде палестински извидници минуваа покрај огромната божиќна елка, свирејќи на гајди.

Палестинската министерка за туризам Рула Маја рече дека хотелите во градот се целосно распродадени и оти во нив ќе ноќеваат „неверојатни“ 10.000 туристи.

„Ваква посета не сме виделе со години“, рече таа, додавајќи дека 3 милиони посетители во Витлеем во текот на оваа година наголемо ја надминаа бројката од минатата година.

Ваквите свечености им носат радост на христијаните во Светата земја кои се сѐ помалку и кои денес сочинуваат само мал процент од локалната популација. Кога зајде сонцет, се запалија светлата на божиќната елка, а хоровите пееја божиќни песни.

Претходно, надбискупот Пјербатиста Пикабала, највисокиот римокатолички свештеник во Светата земја, пристигна од Ерусалим, откако помина низ израелскиот воен контролен пункт. Тој служеше на полноќната миса во присуство на палестински официјални претставници.

Витлеем се наоѓа во делот на Западниот брег кој го контролираат Палестинците, но зад бариерите кои ги подигна Израел да се оддели од Палестинците.

Реклама