Хрватска една од непостојаните членки на СБ на ОН | Вести | DW | 17.10.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Хрватска една од непостојаните членки на СБ на ОН

*

Хрватска е една од петте нови непостојани членки на СБ. На синоќешното гласање во ОН, најголема поддршка добија и Либија, Виетнам, Буркина Фасо и Коста Рика. Тие ќе ги заземат нивните места на 1 јануари, а мандатот им истекува за две години. СБ на ОН, покрај петте постојани членки Русија, САД, Кина, Велика Британија и Франција има и десет непостојани членки, од кои пет се избираат на секоја година.