Хрватска во нов и полош Шенген? | Свет | DW | 16.12.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Хрватска во нов и полош Шенген?

Европскиот парламент повторно расправаше за проширување на просторот на ЕУ без контроли на внатрешните граници. Кон тоа стреми и Хрватска. Какви последици би имало тоа за неа и нејзините соседи?

Европскиот парламент повторно расправаше за проширување на шенгенската зона и го поддржа влезот на Хрватска. Долго веќе трае влезот на Хрватска, а посебно на двете останати членки во ЕУ, Бугарија и Романија во полноправниот простор на континенталниот сојуз, начелно без внатрешни граници. Тоа беше и е своевиден пробен рок за овие земји, но за тоа време некои односи во самиот сојуз станаа значајно поинакви. Бегалската криза ја врати Европа назад, и со неа денес се простира некоја нова, буквално железна завеса, и тоа од т.н. жилет-жица.

Дотолку повеќе, по ноторната бодликава жица најпознати се два непосредни хрватски ЕУ- соседи: Унгарија и Словенија. Што во вакви околности ќе значи некој нов Шенген, ќе се пресели ли жилет-жицата на границите на Хрватска кон нејзините источни соседи? Тонино Пицула, хрватски европарламентарец, не е толку песимистичен, иако и самиот повикува на сериозност: „Бегалската криза и тероризмот последично, меѓу останатото, доведоа до помала доверба меѓу државите членки. Поради тоа денес имаме контроли на надворешните граници, но и системски проверки во базите на податоци на сите лица кои влегуваат или излегуваат од шенгенскиот простор, вклучувајќи ги и жителите на ЕУ.“

Уште читајте: Не е виза - а што е тогаш?

Туризмот и односите со Босна и Херцеговина


Tonino Picula (Pixell/Patrik Macek)

Тонино Пицула

„Европа навистина не смее да стане тврдина опколена со непремостлив бедем“, продолжува Пицула за ДВ, „но, исто така, Европа која не е безбедна не може да биде симбол на благостојба и отвореност. Треба да се зајакне довербата, но и системите за безбедност. Прашање е на политичка мудрост и договор- да се најде баланс меѓу едното и другото. Треба да се фокусираме на европска солидарност и решавање на проблемите со соработка, без разлика колку и да се сложени.“ А како што еднаш тука востановивме, Европска унија кризата во азиските и африканските земји треба да ја решава на нивната територија. Пред нивното население да ги напушти, значи, по можност дури така и Европа да- престане да ги генерира.

Освен тоа, што би можел да значи за Хрватска влезот во режимот на Шенгенскиот договор во поглед на економијата и движењето на нејзините граѓани? Европарламентарната групација на Пицула СиД (социјалисти и социјалдемократи) предложи нова расправа за проширување на Шенген со нови членки, а тој самиот забележува дека ползата за Хрватска во прв ред би можела да се однесува на полесно и побрзо преминување на туристи од другите земји од ЕУ преку границите на Хрватска.

Уште читајте: Брисел лекомислено си игра со Шенген

Но, токму Тонино Пицула е и претседател на делегацијата на ЕУ за односи со Босна и Херцеговина, па нѐ интересираше што би значело за Хрватска евентуалното брзо проширување на Шенген за државата и за нејзините граѓани. „На можноста граѓаните од БиХ да патуваат во ЕУ многу повеќе ќе влијае вкупната регулатива на грачината проблематика на ЕУ, отколку самото членство на РХ во Шенген. На пример, воведувањето на системот ЕТИАС, односно планираното обврзувачко најавување на патувањата на граѓаните од државите на Западен Балкан во ЕУ не е билатерално прашање. Но, клучната работа врзана за Шенген е тоа што ЕУ почива на меѓусебна доверба меѓу земјите од ЕУ за надворешните граници на Унијата сигурно да се заштитат и државите на работ да не дозволат каква било закана да помине преку нивната територија кон внатрешноста на ЕУ“, уверен е Пицула.

Европа на пат во - 19 век

Kroatien, ehemaliger Journalist Tomislav Jakić (privat)

Томислав Јакиќ

Притоа треба да се знае оти Хрватска е членка на ЕУ со најдолг дел на надворешните граници на Унијата кон трети земји, од која со БиХ дели околу 1000 километри заедничка граница. „Веќе сега, во прилагодување на нашиот прекуграчичен режим за Шенген, се воведени промени кои овозможуваат исполнување на шенгенските барање за РХ, но значително не го загрозуваат досегашниот живот и навиките на населението од двете страни на границата. Овој подготвителен период е важен и едните и другите всушност навистина да научат да живеат со новиот режим на границата, но, исто така, да се развие  и граничната инфраструктура“, е заклучокот на хрватскиот европратеник.

Уште читајте: Каде плови бродот на ЕУ?

Неговите позитивни очекувања, меѓутоа, не ги споделува познатиот надворешно-политички аналитичар Томислав Јакиќ, кој исто така го прашавме за мислење на оваа тема. „Во некоја рака дури е иронично да се говори за тоа што влезот во шенгенскиот простор би значел за Хрватска денес кога веќе на словенечката граница имате бодликава жица. Шенген за жал не е повеќе она што беше или требаше да биде. Европа заснована на идејата за слободен проток на луѓе, стоки и идеи се претвора во куп националистички ориентирани држави фокусирани на сопствениот суверенитет, речиси како во 19 век. И тоа затворајќи ги своите надворешни граници пред сите кои во Европа- токму онаква каква што ја замислија нејзините идејни творци- посакаа да пронајдат засолниште“, смета Јакиќ.

 

DW.COM

Реклама