Храна од печатач: Нема веќе готвење? | Панорама | DW | 17.01.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Храна од печатач: Нема веќе готвење?

Јадење кое наместо да се готви со часови, стигнува од печатач. Можеби ви звучи како далечна иднина, но 3Д печатачите за храна се веќе тука.

Креација што доаѓа од компјутер и може да се јаде - научниците од Универзитетот Колумбија во Њујорк веруваат дека печатачите во иднина ќе можат да произведат и здрава храна.

Ход Липсон, од Универзитетот Колумбија, за подготвувањето храна со новите техники, вели:

„Некој ќе си рече 'ОК, тоа е навистина лоша идеја, сакам јадењето да си го приготвувам мануелно, на стариот добар начин'. Но, за младите генерации се чини е сосема природно да се готви со софтвер.“

Гледај видео 01:22

Стисни копче, доаѓа колаче

Визијата на научниците е информациите за рецепти и специјални намирници да се шират низ цел свет. Целта е да се прави што е можно поздрав оброк, прилагоден индивидуално, како на пример - за луѓе со алергии. Печатачи за храна веќе има за врвните готвачи, но не сите од нив се воодушевени. Меѓу нив е и Ерве Маливер, од Кулинарскиот центар Њујорк:

„За декорација на убави јадења можеби да, за тоа постои интерес. Но, за сложено пире од костени ли за оброци со месо, тоа едноставно не можам да си го претставам.“

Научниците и готвачите експериментираат веќе цела деценија. Наскоро првите печатачи за храна би требало дури да се појават и на пазарот, но додека тие се најдат во сечија кујна, ќе мине уште некое време.

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама