Храна и облека за бездомници од автомат | Свет | DW | 20.12.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Храна и облека за бездомници од автомат

Бездомниците во Велика Британија добиваат автомати полни со храна и топла облека за полесно презимување. Првиот автомат е поставен во Нотингем, а во јануари тоа треба да го добие и Манчестер.

Хуманитарната организација „Акција Глад“ им помага на бездомниците на сосема нов начин. Во соработка со трговијата, таа нуди храна, средства за хигиена, книги и облека - во автомат.

Автоматот ќе им биде достапен на бездомниците 24 часа. Тој се активира со картичка, која бездомниците ја добиваат од партнерската организација „Манастир“. Картичката може да се употреби трипати дневно.

„Овде може да земам храна и пијалок, или чисти чорапи. Пристапот е брилијантен. Мислам дека локацијата и 24-часовниот пристап се добри“, вели еден од бездомниците кои веќе го користат автоматот.

Првиот автомат е поставен во Нотингем, а следуваат Манчестер и Лондон, како и Сиетл, Лос Анџелес и Њујорк во САД.

 

Гледај видео 00:48

Автомат за бездомници

 

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама