Хорст Зехофер | Теми | DW | 16.01.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Хорст Зехофер

Хорст Лоренц Зехофер е германски конзервативен политичар и лидер на Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), баварската сестринска партија на Христијанско-демократската унија (ЦДУ).

Роден на 4 јули 1949 година во Инголштат, Зехофер е активен во политиката од 1980 кога станува пратеник во Бундестагот. Од 1992 до 1998 е министер за здравство во владата на Хелмут Кол. За претседател на ЦСУ е избран во октомври 2008 година, а неколку денови подоцна и за премиер на Баварија. Поднесе оставка на функцијата премиер во декември 2017 по внатрепартискиот притисок поради лошите резултати на парламентарните избори.

Покажи повеќе написи