Хонгконг: Протести за „вистинска автономија“ | Свет | DW | 02.11.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Хонгконг: Протести за „вистинска автономија“

Илјадници главно маскирани антивладини демонстранти се спротиставија на полициската забрана и влегоа во централниот трговски кварт во Хонгконг. Полицајците одговорија со употреба на солзавец.

Во Хонгконг повторно излегоа илјадници луѓе на протести против управата на финансиската метропола. Полицијата употреби солзавец за да ја растури од властите забранетата демонстрација. Нејзините организатори пред почетокот на собирот изјавија дека станува збор за „ургентен повик“ за спас на автономијата на кинеската зона под специјална управа. Демонстрантите поминаа низ трговскиот центар и стигнаа до паркот Викторија, кој во меѓувреме прерасна во традиционално собиралиште на протестното продемократско движење.

Некои од демонстрантите подигнаа улични барикади. По полициската употреба на солзавец, дел од демонстрантите се вратија кон центарот на градот, а одделни групи фрлаа со камења по полицајците. 

Повеќе: 

Збрка во парламентот во Хонгконг

Хонгконг – премалку и предоцна

Може ли Кина да најде алтернатива за Хонгконг?

Ова е веќе 22. викенд на континуирани протести. Тие започнаа во јуни како отпор кон во меѓувреме суспендираниот закон, со кој се дозволуваше екстрадиција во Кина на осомничените за кривични дела, но во меѓувреме прерасна во крик за демократија, насочен против управителката Кери Лам, од која се бара оставка. Граѓаните на Хонгконг се спротиставуваат на преку неа реализираното растечко влијание на кинеското раководство. Кина вчера соопшти дека нема да толерира никаква промена во начинот на управување со Хонгконг. Лам во повеќе наврати ја споменува можноста од кинеска интервенција, што некои го толкуваат како закана, а други како прогноза.